Линкови за пристапност

Шји го предупредил Бајден за Тајван, соопшти Пекинг


Белата куќа сè уште нема објавено соопштение за разговорот кој траел повеќе од два часа
Белата куќа сè уште нема објавено соопштение за разговорот кој траел повеќе од два часа

Претседателот на САД Џо Бајден и кинескиот претседател Шји Џјинпинг денес поминаа повеќе од два часа разговарајќи за иднината на нивните комплицирани односи, при што Тајван повторно се појави како клучна точка на тензија, објави Асошиетед прес.

Според описот на повикот објавен од Пекинг, Шји ја нагласил кинеската претензија над островот,.

„Оние што си играат со оган ќе загинат од него“, велат од кинеското МНР, додавајќи: „Се надеваме дека САД се на јасно во врска со ова“.

Белата куќа сè уште нема објавено сопствено соопштение за повикот, кој започна во 8:33 часот наутро, локално време, а заврши во 10:50 часот.

Како и обично, Кина не остави сомнеж дека ги обвинува САД за влошените односи меѓу двете земји.

„Претседателот Шји подвлече дека да се пристапи и да се дефинираат кинеско-американските односи во смисла на стратешка конкуренција и да се гледа Кина како примарен ривал и најсериозен долгорочен предизвик би било погрешно перцепирање на Кина и САД, и ќе доведе до заблуда кај граѓаните за двете земји и меѓународната заедница“, соопшти кинеското МНР.

Џон Кирби, портпарол на американската национална безбедност, во средата рече дека е важно што Бајден и Шји се во комуникација.

„Претседателот сака да се погрижи каналите на комуникација со претседателот Шји да останат отворени затоа што тоа е потребно“, им рече Кирби на новинарите на брифингот во Белата куќа.

„Има прашања за кои можеме да соработуваме со Кина, а има прашања каде очигледно има тензии“.

Бајден и Шји последен пат разговараа во март, непосредно по руската инвазија на Украина.

XS
SM
MD
LG