Новите правила дизајнирани за заштеда на енергија треба да стапат на сила во француските продавници.
На продавниците што работат со клима или греење ќе им биде наредено да ги држат вратите затворени, изјави француската министерка за еколошка транзиција.
Одржувањето на отворени врати на продавниците со климатизери доведува до 20 проценти поголема потрошувачка на енергија, рече таа, нарекувајќи ја таквата ситуација апсурдна.
Продавниците би можеле да се соочат со парична казна до 766 долари.
Второто правило ќе ја прошири забраната за осветлени реклами од 1 до 6 часот наутро во сите градови, без разлика на големината. Забраната е веќе на сила за градовите со помалку од 800.000 жители.
Аеродромите и станиците ќе бидат ослободени. Не беше веднаш јасно кога точно ќе стапат на сила забраните.
Министерката рече дека декретите за забраните ќе бидат издадени „во наредните денови“.
Франција, како и поголемиот дел од Европа, доживува жешко лето со повисоки температури од вообичаените.
Дел од информациите во овој текст се преземени од агенцијата Франс - прес