Линкови за пристапност

Иднината на Охридското Езеро е во пловила кои нема да користат фосилни горива, туку сончева енергија


Електрични пловила на сончева енергија во Охридско Езеро
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:56 0:00

На проектот работеле околу половина година. Пловилото е со тежина од 240 килограми, кој со себе може да носи четири патници и без проблем да плови цел ден.

Наместо да се редуцира, секое лето на Охридското Езеро, стигнуваат нови јахти, глисери, катамарани, скутери, бродови, чии што мотори работат на фосилни горива, и директно го загадуваат и влијаат негативно врз живиот свет во езерото, предупредуваат екологистите.

„По кажувањата на експертите од Хидробиолошкиот институт, во годините кога пастрмката осетно ја нема, кога исчезна, една од причините пастрмката да ја нема е и преголемата бучава од глисерите. Тие плашејќи се, бегаат во длабочините. Тие таму имаат информации за пастрмки со огромна големина, преку, 20-30 килограми“ вели Борче Стојаноски од еколошко друштво Грашница, Охрид.

Тие со години ја заговараат идејата за редуцирање, односно постепена замена на овие пловни објекти, со пловила кои би работеле на друг вид на погон, за што можат да се користат и фондови од ЕУ.

„Овие глисери што тука ги има, капацитетот на езерото не е за такви големи пловила. Овде мислиме дека таквите објекти, со такви големи капацитети, треба да бидат забранети. Се случува да имаме излевање на течни горива, кои ги користат како погон, дали при товарење, дали при хаварии, а имаме и показатели во изминатите години, фотографирани и снимани такви ситуации“, вели Борче Стојаноски од еколошко друштво Грашница Охрид.

Но, неодамна во Езерото, заплови првото еколошко пловило, на соларен погон. Него го изработија ученици, од Електро - машинскиот училиштен центар од Охрид.

„Секој си имаше своја одговорност, како на пример истражување за моќност на мотори, барање средства против алги да не се налепуваат одоздола, осмислување на конструкција за соларните панели“, открива ученикот Христијан Груевски.

Велат, дека со ова покажуваат дека не само автомобилите, електричниот погон може да се користи и при работата на пловните објекти.

„Се се сведува на електричен погон денес. Ние придонесовме и со бротче, бидејќи се е фокусирано во автомобилската индустрија, никој не осмислува за наутика, а ние смисливме за наутиката да ја префрлиме на електричен погон. Се е безбедно, бидејќи нема опасност од струен удар, се сведува на 24 волти еднонасочен напон“, вели ученикот Христијан Груевски.

На проектот работеле околу половина година. Пловилото е со тежина од 240 килограми, кој со себе може да носи четири патници и без проблем да плови цел ден.

„Успеавме да направиме целосно електрично возило, но предизвикот беше таа електрична енергија што е потребна за движење на возилото да биде соларна, добиена од сонце. Кога има сонце имаме инсталирано и батериска ќелија и може да ја напојува пентата од акумулаторот и имаме дополнителни два саати бесплатно пловење, целосно автономно“, вели Сашо Ангелоски, професор.

Учениците од охридското средно училиште, на државниот натпревар „Предизвик за млади истражувачи“, на Фондот за иновации и технолошки развој, ја освоија првата награда.

Со финансиските средства, го реализираа овој проект. За сега идејата е ова пловило да се користи како туристичка атракција.

XS
SM
MD
LG