Линкови за пристапност

САД: Инфлацијата над 11,3%; зголемување на барањата за помош за невработеност


Аналитичарите анкетирани од фирмата за податоци FactSet очекуваа дека бројот ќе достигне 242.000. Барањата за помош за прв пат генерално ги одразуваат отпуштањата.
Аналитичарите анкетирани од фирмата за податоци FactSet очекуваа дека бројот ќе достигне 242.000. Барањата за помош за прв пат генерално ги одразуваат отпуштањата.

Бројот на Американци кои аплицираа за бенефиции за невработеност минатата недела се искачи на највисоко ниво во повеќе од осум месеци, што може да биде знак дека пазарот на трудот може да слабее, објави Асошиејтед Прес.

Според АП, апликациите за помош за невработени за неделата што завршува на 16 јули се зголемија за 7.000 на 251.000, од 244.000 претходната недела, објави Одделот за труд во четвртокот.

Тоа е најголема бројка од 13 ноември 2021 година кога 265.000 Американци аплицирале за бенефиции.

Аналитичарите анкетирани од фирмата за податоци FactSet очекуваа дека бројот ќе достигне 242.000. Барањата за помош за прв пат генерално ги одразуваат отпуштањата.

Вкупниот број Американци кои користат бенефиции за невработеност за неделата што завршува на 9 јули се зголеми за 51.000 во однос на претходната недела, на 1.384.000. Таа бројка со месеци е блиску до најниското ниво во последните 50 години.

Претходно месецов, Одделот за труд објави дека работодавците додале 372.000 работни места во јуни, што е изненадувачки силна добивка и слично на темпото од претходните два месеци.

Бројот на Американци кои аплицираа за бенефиции за невработеност минатата недела го достигна највисокото ниво во речиси 8 месеци, но вкупниот број на оние кои користат бенефиции опадна.

Одделот за труд, исто така, минатата недела објави дека инфлацијата на големо-продажно ниво се искачила за 11,3% во јуни во однос на претходната година.

XS
SM
MD
LG