Линкови за пристапност

Италијанскиот премиер Марио Драги поднесе оставка


Драги стана премиер во 2021 година кога Италија се справуваше со ефектите од пандемијата на коронавирус и опустошената економија.
Драги стана премиер во 2021 година кога Италија се справуваше со ефектите од пандемијата на коронавирус и опустошената економија.

Италијанскиот премиер Марио Драги поднесе оставка по неуспехот да ги обедини разединетите фракции на неговата Влада на единство. Кабинетот на претседателот Серџо Матарела соопшти дека ја прифатил оставката на Драги, но побарал од него да остане во привремена улога.

Развојот на настаните може да значи дека Италија ќе оди на парламентарни избори во наредните месеци наместо планираното гласање кое треба да се одржи следната година. Драги стана премиер во 2021 година кога Италија се справуваше со ефектите од пандемијата на коронавирус и опустошената економија.

Матарела минатата недела ја отфрли неговата претходна понуда за оставка, повикувајќи го Драги да апелира до пратениците да ја задржат владејачката коалиција.

Но, неколку клучни партии го бојкотираа гласањето за доверба, поради што Драги повторно поднесе оставка.

Некои информации за овој извештај дојдоа од Асошиејтед прес и Ројтерс.

XS
SM
MD
LG