Линкови за пристапност

Мој личен став е дека нема потреба од референдум за уставни измени, Владата нема став, рече Маричиќ


Нема потреба од таков чекор, а институциите треба да си ја преземат одговорноста, наместо да се користи евентуалниот референдум за политички поени, изјави вицепремиерот за европски прашања
Нема потреба од таков чекор, а институциите треба да си ја преземат одговорноста, наместо да се користи евентуалниот референдум за политички поени, изјави вицепремиерот за европски прашања

Нема потреба од каков било референдум – тоа е ставот на високи владини претставници на повиците и барањата на опозицијата за организирање референдум во однос на преговарчката рамка со ЕУ која беше усвоена од земјава и државите членки на Унијата со што се овозможи старт на пристапните преговори.

„Нема потреба од таков чекор, а институциите треба да си ја преземат одговорноста, наместо да се користи евентуалниот референдум за политички поени“, изјави вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ.

„Ние имаме научени лекции, се сеќавате дека опозицијата инсистираше на референдум за договорот со Грција. Тоа во 2018 година го прифати и Владата, тогаш на премиерот Заев, решивме да организираме референдум, кој што, партијата која го бараше, реши да го бојкотира. На тој начин отвори дамка, остави една сенка на процесот, иако можеше да учествува и да се затвори. Мислам дека тоа треба да ни е научена лекција. Имаме доволен капацитет и легитимитет на институциите, особено на Собранието, да дискутира, разговара, преку дијалог да дојдеме до 2/3 мнозинство, што е доволен легитимитет на уставните измени без референдум. Ова е мој личен став, Владата нема став. Мој личен став е дека од тоа нема потреба, а институциите треба да си ја преземат одговорноста, наместо да се користи евентуалниот референдум за политички поени“, рече Маричиќ.

Маричиќ: Нема потреба од референдум за промена на Уставот
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:48 0:00

XS
SM
MD
LG