Линкови за пристапност

Цените во САД зголемени за речиси 10 проценти во јуни


Енергетскиот индекс, кој ги вклучува цените на горивото, нафтата, бензинот и електричната енергија, е зголемен за 41,6 проценти за годината, што е најголем 12-месечен пораст од април 1980 година
Енергетскиот индекс, кој ги вклучува цените на горивото, нафтата, бензинот и електричната енергија, е зголемен за 41,6 проценти за годината, што е најголем 12-месечен пораст од април 1980 година

Потрошувачките цени во САД и натаму раст, стигнувајќи до 9,1 проценти во јуни во споредба со пред една година, објави денес Американската влада, што е најбрз пораст во последните четири децении.

Одделот за труд соопшти дека цените се зголемени за 1,3 проценти во јуни во споредба со мај. Таа бројка, исто така, се смета за голем скок, по зголемувањата во претходните месеци што претставува проблем за домашните буџети на милиони американски семејства во однос на храна, бензин и домување.

Најголем пораст од мај до јуни има зголемувањето на енергетскиот индекс од 7,5 отсто, што придонесе за речиси половина од вкупниот пораст на инфлацијата.

Енергетскиот индекс, кој ги вклучува цените на горивото, нафтата, бензинот и електричната енергија, е зголемен за 41,6 проценти за годината, што е најголем 12-месечен пораст од април 1980 година.

Цената на бензинот се зголеми за 11,2 проценти во јуни, делумно одразувајќи ги превирањата во светските цени на нафтата предизвикани од руската инвазија на Украина, која сега е во петти месец.

Цените на бензински пумпи, сепак, се намалуваат.

„Иако денешното читање на главната инфлација е неприфатливо високо, исто така е застарено“, рече американскиот претседател Џо Бајден во изјавата.

XS
SM
MD
LG