Линкови за пристапност

Бајден во Израел ќе повика на ублажување на глобалната енергетска криза


Ова се очекува да биде комплицирано патување за Бајден, кој беше критикуван од активисти и членови на неговата партија за неговото очигледно обновување на односите со саудиското кралство
Ова се очекува да биде комплицирано патување за Бајден, кој беше критикуван од активисти и членови на неговата партија за неговото очигледно обновување на односите со саудиското кралство

Претседателот на САД Џо Бајден пристигна во Израел како дел од пошироката посета на Блискиот исток со застанувања на Западниот Брег и Саудиска Арабија.

Бајден ќе зборува за подлабоката интеграција на Израел во регионот, ќе ги повика земјите од Заливот да испумпуваат повеќе нафта за да ја ублажат глобалната енергетска криза, и ќе понуди гаранции дека САД не го намалуваат приоритетот на регионот, и покрај нивниот фокус на војната во Украина и стратешката конкуренција со Кина.

Ова се очекува да биде комплицирано патување за Бајден, кој беше критикуван од активисти и членови на неговата сопствена партија за неговото очигледно ресетирање на односите со саудиското кралство, кое некогаш го окарактеризираше дека „нема откупувачка општествена вредност“.

„Нашата цел беше да ги рекалибрираме, но не и да ги прекинеме односите со Саудиска Арабија“, изјави за новинарите во понеделникот советникот за национална безбедност Џејк Саливан.

Саливан тврдеше дека во свет кој е сè повеќе геополитички конкурентен, особено во Индопацификот и Европа, САД мора да останат интензивно ангажирани на Блискиот исток.

„Блискиот исток е длабоко проткаен со остатокот од светот. И ако дејствуваме сега за да создадеме помирен и постабилен регион, тоа ќе исплати дивиденда на американскиот национален интерес и на американскиот народ во годините што доаѓаат“.

На Западниот Брег, Бајден ќе ја повтори поддршката за решение за две држави и ќе се обиде да ги ресетира односите со палестинските власти, откако администрацијата на Трамп ја намали помошта и го затвори американскиот конзулат во Ерусалим, кој служеше како мисија на САД кај Палестинците.

XS
SM
MD
LG