Линкови за пристапност

Пасијата на Сретко Аврам од Нови Сад, светски првак во шах за слепи лица


„Носител сум на четири Олимписки медали екипно, а во 1990 година во Германија, го поделив, второто и трето место. Инаку, сум мајстор на ФИДЕ и горд сум што бев член на репрезентацијата на Југославија, а сега и на Србија“, коментира Сретко Аврам.

„Јас бев со нормален вид, но на десет години, пронајдов бомба, останата од Втората светска војна. Во 1956 година, додека играв ми експлодираше пред очите и во рацете и поради несреќен случај, а не од раѓање, денес сум 100 %, слеп. Се трудев да не се потпирам на тоа што го изгубив, туку да се потпрам на останатите способности.“, открива Сретко Аврам, репрезентативец на Србија.

Сретко Аврам, кој денес има 75 години, беше и најстариот учесник на 9-то Светско првенство во шах за слепи и визуелно хендикепирани лица, кое се одржа во Охрид. Игра шах повеќе од 60 години, многу често и со лица кои немаат никаков проблем со видот.

„Носител сум на четири Олимписки медали екипно, а во 1990 година во Германија, го поделив, второто и трето место. Инаку, сум мајстор на ФИДЕ и горд сум што бев член на репрезентацијата на Југославија, а сега и на Србија“, коментира Сретко Аврам.

Овие лица велат дека воопшто не им е тешко да ја практикуваат шаховската игра. Ги прашавме како знаат, каде и кога треба да постават одредена фигура.

„Секако дека е тешко, и мора да најдеме некои позиции за да ја добиеме партијата. Фигурите и полињата се одбележани, а црните полиња се подигнати малку од нормалната шаховска табла. На самите фигури има точки по кои што ги познаваме. 99% сум слепо лице. Во целиот турнир, имам пет победи. Од седум години играм шах, татко ми, исто, играше“, се навраќа Зоран Костадиновски, репрезентативец на Северна Македонија.

„Па, тоа е многу едноставно. Луѓето кои тоа го гледаат, тоа малку ги чуди. Но, тоа е навика и за мене, е исто како и за сите други што е шахот. Исти се правилата. Се е исто. Само што имаме фигури и шаховска табла, која е малку прилагодена на луѓето, кои воопшто не гледаат. Не е тоа некоја голема мистерија, иако, тоа понекогаш делува така. Имам дијаграм, имам позиција во глава. Шахот ми помогна многу во животот во психичка и интелектуална смисла“, додава Сретко Аврам, репрезентативец на Србија.

Нивните тренери, велат дека е задоволство да се работи со овие лица.

Кај нив треба да има добра концентрација, затоа што ние што тоа го гледаме, тие треба да го замислат и да го имаат точно во глава, која фигура каде стои.
Недев, селектор на Македонија

„Кај нив треба да има добра концентрација, затоа што ние што тоа го гледаме, тие треба да го замислат и да го имаат точно во глава, која фигура каде стои, и затоа ги чепкаат фигурите, за да си го потврдат тоа што го замислиле во глава дека е баш така. Тие, дури се и поконцентрирани во тој дел, може подлабоко да израчунаат варијанти“, додава Трајко Недев, селектор на репрезентација за слепи и слабовидни лица.

Слепите луѓе се занимаваат и со многу покомплицирани работи. На играчите самите фигури и табла им се достапни, за да слепиот човек кој се потпира на сетилото за допир, може да ја контролира играта.
Ивановиќ, селектор на Србија

„Слепите луѓе се занимаваат и со многу покомплицирани работи. На играчите самите фигури и табла им се достапни, за да слепиот човек кој се потпира на сетилото за допир, може да ја контролира играта. Што е посилен слепиот човек, тој помалку го користи сетилото за допир, а повеќе го користи памтењето“, вели Никола Ивановиќ, селектор на репрезентацијата на Србија.

На Светското првенство во шах во организација на Федерацијата на слепи и слабовидни лица, учествуваа 16 репрезентации.

Тоа се најдобрите 16 репрезентации, од последната шаховска Олимпијада.

XS
SM
MD
LG