Линкови за пристапност

Телескопот „Џејмс Веб“- нов прозорец во историјата на универзумот


Американската вселенска агенција НАСА треба да го објави целосниот сет на првите снимки во боја од вселенскиот телескоп „Џејмс Веб“, еден ден откако сподели слика во боја на која се прикажани ѕвезди и галаксии од подлабоко во космосот од кога било досега.

За време на брифингот во Белата куќа вчера, кога беше откриена првата слика на НАСА, американскиот претседател Џо Бајден рече дека телескопот е „нов прозорец во историјата на нашиот универзум“.

Телескопот вреден 10 милијарди долари, најголемиот и најмоќниот телескоп кој некогаш бил лансиран во вселената, гледа подалеку во космосот од кој било досега.

Научниците го опишуваат телескопот како поглед наназад во времето. Тоа е затоа што може да види галаксии кои се толку далеку што на светлината од тие галаксии ѝ се потребни милијарди години за да стигне до телескопот.

„Светлината патува со 186.000 милји во секунда. А таа светлина што ја гледате на една од тие мали спецификации (на сликата) патува повеќе од 13 милијарди години“, рече администраторот на НАСА Бил Нелсон, кој присуствуваше на брифингот заедно со Бајден и потпретседателката Камала Харис.

Телескопот „Џејмс Веб“ може да ја види светлината што е создадена веднаш по Големата експлозија, најдалеку што човештво ѕирнало во минатото.

Дел од информациите во текстот се преземени од Ројтерс и Асошиетед прес

XS
SM
MD
LG