Линкови за пристапност

Седми ден протести против „францускиот предлог“


Одлучно „Не“ со повици за поголема масовност и одлучност се пораките кои беа испратени од денешниот протест во Скопје


СКОПЈЕ - По еден ден пауза, вечерва во Скопје,по седми пат продолжија протестите протв францускиот предлог за деблокирање на бугарското вето. Проестот и денеска мина мирно, граѓаните во 19 часот беа пред Владата од каде преку министерството за правда дојдоа пред Со ранието за да го изразат своето несогласување со евентуалната можност Владата да го прифати предлогот на Франција.

Пред насобраните граѓани прв се обрати поранешниот амбасадор и член на првата експертска Влада на самостојна Македонија, Мартин Треневски. Тој во својот говор кажа дека станува збор за сценарио чија крајна цел е уништување на македонската нација и ги повика граѓаните на масовност во наредните неколку дена кои ги оцени како клучни.

„На нас и на сите оние што не се вечерва со нас, упатувам апел да ни се придружат на следните собирања, да дојдат. Луѓе не е време за комодитет пред телевизор или по кафеани, да излеземе затоа што вака се брани Македонија. И сите ние треба да се сплотиме и да се спротивставиме на реализацијата на тоа мрачно сценарио. Имав прилика во мојата работна кариера да бидам дипломат во повеќе организации, го знам целото сценарио, а целото сценарио значи уништување на македонската нација. Тоа и јавно го кажуваат, не го кријат“, рече Треневски.

Актерката Весна Петрушевска кажа дека „Македонија е тврдина“ која мора да се одбрани а за македонскиот јазик не смее да се преговара. Упати апел протестите да бидат мирни и достоинствена и беа насилство.

„Како сакате да ни го смените идентитетот, не ве разбирам, како сакате да не денационализирате, да не асимилирате, како сакате да се вика мојот театар ако не Македонски народен театар. Мораме да им покажеме дека сме единствени, дека нема нас никој да не испровоцира и да предизвика меѓунационална борба, војна, оние кој што сакаат. Какво безобразие, какво лицемерие, оние кој што мислат дека се број од 61 земаат пари од нас, од нашиот данок кој што ние го плаќаме редовно. Кажете ми како јас на моите деца да кажам дека нема повеќе од утре да сме Македонци, нема да се потпишуваме така, учебниците ќе ни редактираат, тие ќе ни кажуваат што ние треба да учиме и кој бил Никола Карев.Не сакам да преговарам за нешто што е само мое, не сакам да ме нарекуваат „северномакедонка“. Макрон, Македонка сум, ако не разбираш ќе ти преведеме“, рече Петрушевска.

На крајот на протестот се обрати претседателот на Унијата на малди сили на ВМРО - ДПМНЕ, Сергеј Попов, која кажа дека мора да се застане на патот на асимилација и бугаризација и бришење на македонскито национален идентитет. Ги повика неговите врсници да се приклучат без разлика на политичката определба.
„Последнава недела сме секој ден на улиците да го искажеме нашето мислење околу бугаризацијата завиткана во француска обланда која ни ја сервираат замислете како најдоброто нешто што ни се има случено. Преку глава ни е, цела држава да оди во погрешна насока, да се носат одлуки против желбите на народот затоа што така им текнало во Муртино и Зајас. Ова веќе не може, јас и младите ви кажувам нема да ви помине неказнето. Нема да дозволиме и нема да прифатиме бришење на идентитетот и сквернавење на историјата и фактите од минатото, нема да признаеме и да ги трансформираме бугарските фашисти во некакви си администратори. Нема да ја заборавиме Ваташа и дванаесетмина кои загинаа, нема да ги заборавиме илинденците, асномците, петте струмички студенти и сите оние кои животот го положија за слободна и независна Република Македонија“, рече Попов.

Протестите продолжуваат утре во 19 часот пред Владата и по веќе утврдената рута преку министерството за правда со Собранието.
Засега нема најава за седницата на која ќе се расправа за францускиот предлог кој Влдата го достави до Собранието.

XS
SM
MD
LG