МВР формираше оперативен штаб кој треба да ја улови групата од триесетина маскирани лица кои и вчера и завчера ги почнаа и предизвикаа насилствата на протестите против францускиот предлог. Спасовски кажа дека оперативните информации покажуваат дека и денес се подготвуваат насилства на протестите и „молотови коктели“ за државните објекти и апелираше до граѓаните да се воздржат од насилство
СКОПЈЕ - Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, заедно со директорот на Бирото за Јавна Безбедност, Сашо Тасевски и заменик министерот Назим Буши, ги посетијата двајцата полицајци кои беа најтешко повредени во вечаешните насилсни протести против францускиот предлог. Двајцата полицајци се хоспотализирани на клиниката за неврохирургија.
Вината за насилните протести инистерот Спасовски ја лоцираше во политички партии и триесетина маскирани лица, кои и вчера и завчера ги предвизвикале немирите и насилствата.
„47 полицајци се повредени во вандалските напади врз нив и врз виталните државни објекти. Благодарам за поддршката која ја добивме од голем број на граѓани. Секако дека овој облик на организирано насилство личи на 27 април. Триесетина лица со маски на главата го предивзикуваат немирот со напад на полициските службеници и државните објекти“, рече Спасовски.
Тој потенцираше дека полициските службеници вчера интервенирале само врз оние демонстранти кои физички ги нападнаа полицајците или пак предизвикаа и материјална штета. Нема ниту еден повреден граѓанин а приведени се 11 лица од кои двајца се малолетни а има и други осомничени.
Кога станува збор за предизвикувачите на насилствата, Спасовски кажа дека станува збор за организирана структира за која веќе е формирана истрага која ја води оперативен штаб но не даде повеќе информации во корист на истрагата.
„ Формиран е Оперативен штаб, имаме повеќе информации, станува збор за структура за која имаме отворено оперативна обработка, не смеам да откривам информации. Вие најдобро ги знаете кои се тие што повикуваат на насилни протести“, рече министерот.
Министерот Спасовски испрати порака и до политичките партии.
„Протест е декомократско право, но никако не смеат да организираат насилства и рушење на државата и уставниот поредок. Да не дозволиме да се продолжи со насилство , удари врз полициските службеници и државните институции“, рече Спасовски.
Спасовски соопшти дека полицијата располага со оперативни информации дека и денес се подготвуваат насилства на протестите но и „молотови коктели“ за државните објекти и апелираше до граѓаните да се воздржат од насилство, да протестираат на демократски начин и да не дозволат да бидат изманипулирани бидејќи секој напад ќе биде строго санкциониран.