Линкови за пристапност

Бајден одликуваше четворица војници за хероизам во Виетнамската војна


Поминаа повеќе од 50 години од џунглите во Виетнам, но времето не ја намали нивната храброст, рече претседателот на церемонијата во Белата куќа
Поминаа повеќе од 50 години од џунглите во Виетнам, но времето не ја намали нивната храброст, рече претседателот на церемонијата во Белата куќа

Претседателот Џо Бајден денес им ја додели највисоката воена почест на четворица армиски војници за херојство за кое рече дека се издигнало над должноста за време на Виетнамската војна, објави Асошиетед прес.

Бајден им го додели Медалот за чест на Едвард Н. Канеширо, Двајт Бирдвел, Денис М. Фуџи и пензионираниот мајор Џон Џ. Дафи.

Говорејќи во Белата куќа, Бајден го пофали нивниот хероизам и жали што досега не добиле соодветно признание.

„Не секој припадник на војската го добива целосното признание што го заслужува“, рече Бајден, додавајќи дека „денес го исправаме тоа“.

„Поминаа повеќе од 50 години од џунглите во Виетнам. Но, времето не ја намали нивната храброст“.

XS
SM
MD
LG