Линкови за пристапност

Најмалку шест убиени, над 30 повредени во пукање за време на парадата за 4-ти јули во Чикаго


Фотографијата објавена на социјалните мрежи се чини дека покажува локви крв во близина на превртените столчиња во центарот на Хајленд Парк.
Фотографијата објавена на социјалните мрежи се чини дека покажува локви крв во близина на превртените столчиња во центарот на Хајленд Парк.

Најмалку шест лица загинаа, а 31 се пренесени во болници по пукањето на парадата за четврти јули во предградие на Чикаго, соопшти полицијата. Пукањето во Хајленд Парк ја прекина годишната парада веднаш откако почна во 10 часот, објави Асошиејтед прес. Осомничениот е во бегство, белец на возраст меѓу 18 и 20 години, јавија американските медиуми.

Според АП, не е јасно дали шестмината загинати се меѓу 31 хоспитализирани.

Полицијата соопшти дека властите се уште трагаат по осомничениот и го нарекоа активен инцидент.

„Чикаго Сан Тајмс“ објави дека парадата започнала околу 10 часот, но ненадејно била прекината 10 минути подоцна откако биле испукани истрели. Репортерот видел ќебиња поставени над три крвави тела. Неколку сведоци изјавија за весникот дека слушнале пукотници. Стотици посетители на парадата - некои видно крвави - побегнале од патеката на парадата, оставајќи зад себе столици, колички за бебиња и ќебиња. Полицијата ги евакуирала присутните.

Видеото снимено од новинар на Сан Тајмс откако одекна пукотницата покажува бенд како продолжува да свири додека луѓето трчаат покрај нив, врескајќи.

Фотографијата објавена на социјалните мрежи се чини дека покажува локви крв во близина на превртените столчиња во центарот на Хајленд Парк.

Џина Тројани и нејзиниот син биле подготвени да одат на патеката на парадата кога слушна силен звук за кој таа верувала дека е огномет - додека не слушнала како луѓето викаат за напаѓач. „Само што почнавме да трчаме во спротивна насока“, изјави таа за Асошиетед прес.

Градот на својата веб-страница објави дека свеченостите требало да вклучуваат детска парада со велосипеди и домашни миленици.

XS
SM
MD
LG