Линкови за пристапност

Протераните руски дипломати заминаа од Бугарија


Петков, чија влада изгуби доверба на 22 јуни, тврди дека Москва користела тактики на „хибридна војна“ за рушење на неговата влада
Петков, чија влада изгуби доверба на 22 јуни, тврди дека Москва користела тактики на „хибридна војна“ за рушење на неговата влада

Два руски авионa ја напуштија Бугарија вчера со голем број руски дипломатски персонал и нивните семејства поради масовното протерување што доведе до зголемени тензии меѓу историски блиските нации.

Филип Воскресенски, висок руски дипломат, им рече на новинарите на аеродромот во бугарскиот главен град Софија пред да замине дека тој е меѓу 70-те руски дипломати прогласени за „персона нон грата“ минатата недела, и на кои им било наредно да ја напуштат државата до крајот на неделата.

Одлуката за протерување на Бугарија ја објави вршителот на должноста премиер Кирил Петков, кој зазеде силен став против Русија по инвазијата на Украина на 24. февруари.

Петков, чија влада изгуби доверба на 22 јуни, тврди дека Москва користела тактики на „хибридна војна“ за рушење на неговата влада.

Петков рече дека Русија ќе задржи 43 свои вработени по протерувањето и истакна дека Бугарија има само 12 дипломати во Москва.

„Секој кој работи против интересите на Бугарија ќе биде повикан да се врати во земјата од каде што дојде“, рече тој.

Протерувањето руски диполмати, кое сериозно ги затегна дипломатските односи, досега е најголемо во Бугарија.

Бугарија силно ги поддржа санкциите на Западот против Москва откако таа ја започна својата војна против Украина пред повеќе од четири месеци.

Кон крајот на април, Русија ја прекина испораката на гас за Бугарија, откако властите го одбија барањето на Москва да ги плати сметките за гас во руската валута.

Бугарскиот министер за одбрана, исто така, беше сменет на почетокот на март бидејќи ја нарече војната во Русија како „специјална воена операција“, опис што го претпочита Кремљ.

XS
SM
MD
LG