Прифакањето на францускиот предлог ќе ја крене бугарската рампа кон ЕУ и тоа е една од клучните причини за ставот на претседателот. Пендаровски со заштитен механизам за во иднина ниту една Влада да не биде принудена да прифати отворање на идентитетски прашања и доколку тоа се случи самите да го напуштиме преговарачкиот процес со ЕУ
СКОПЈЕ - Француски предлог е транзиционен компромис, го крева ветото на Бугарија и овозможува старт на преговорите и затоа е прифатлив. Ова е ставот на претседателот Стево Пендаровски по денешниот состанок на Советот за безбедност кој беше свикан по негово барање а на кој се дискутираше само за францускиот предлог.
„Одлуката да се прифати модификуваниот француски предлог, нема да биде ниту историски триумф на едната страна, ниту историски неуспех или дебакл за другата страна“, изјави претседателот Пендаровски по состанокот.
Пендаровски кажа дека со прифаќање на предлогот се крева бугарската блокада која трае повеќе од две години и се дозволува формално отворање на преговорите по 17 години чекање, скриниг процес но клучно е што не го поткопува македонскиот идентитет бидејќи темелната одреденица за македонскиот јазик во предлогот има чиста формулација без фуснота.
За да не се повторат обидите за негација на македонскиот јаик, нација и идентитет Пендаровски со заштитен механизам кој го предложи на Владата.
„ Очекувам откако францускиот предлог ќе влезе во Владата, да се донесат владини заклучоци, кои во случај да се прифати овој предлог, би морале да имаат реченица плус, а таа реченица да се повтори во извештајот на Владата до Парламентот, а тоа е дека од денот кога ќе ги отвориме преговорите до денот кога ќе ги завршиме, не е битно колку години, ако има евентуално дополнителни обиди од бугарска или чија било страна во рамки на тие преговори со Европа повторно да се спомнуваат прашањата македонски идентитет, македонска историја, македонски јазик, во истиот момент, да не чекаме ни час некој друг да не блокира, туку самите да се повлечеме од тие преговори“, нагласи Пендаровски.
Претседатеот е на ставот дека ова не е прашање „да се биде или не“ ниту пак одлука која ќе ги дефинира идните генерации на македонски граѓани и оцени дека во моментот има исклучително високи политички тензии во државата.
За еден од условите во предлогот, отварањето на Уставот , претседателот смета дека во моментот политичката констелација во државата е таква што тоа е невозможмно.
Околу тезата дека со овој договор Бугарите ќе не кочат кога сакаат и како сакаат, Пендаровски посочи дека и досега тие кочеа, како сакаа и кога сакаа, и без предлог.
„Таква можност и понатаму има бидејќи тоа е вградено во механизмите по кои секоја држава влегува во ЕУ. Тврдам дека тие механими откако би почнале да преговараме, ќе бидат драстично намалени како можност затоа што овој предлог ќе стане европска рамка, ќе биде редуцирана можноста за т.н. чисти национални блокади од било кого, вклучително и од Софија“,рече претседателот.
Пендаровски соопшти дека во неговите разговори со високи претставници на европските држави нема добиено впечаток дека тие сакаат да ја разнебитат македонската нација и македонскиот народ и додаде дека францускиот претседал Макрон и германскиот канцелар Шолц изразиле желба да се обратат во македонското Собрание, а германскиот канцелар во Скопје би сакал да се обиде да го оживее Берлинскиот процес.