Линкови за пристапност

Пица мајсторот Дејанчо Трајанов од Охрид, подготвува пици по оригинални италијански рецепти


Пица мајстор Дејанчо Трајанов од Охрид
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:54 0:00

Класичен рецепт за подготовка на класична наполитанска пица кој е запишан во книга постои, вели Дејанчо Трајанов пица мајстор од Охрид. Има одредени нормативи кои треба да се запазат. За подготовка на квалитетно тесто, кое треба да отстои најмалку 24 часа, влијаат повеќе фактори објаснува тој.

„Температура амбиент, температура на брашно, температура на вода. Сето тоа треба да се искомбинира. За да отстои, да ферментира. Тука има и една друга постапка, матурирање или созревање на тестото, кое кај нас е многу малку застапено во Македонија“, вели тој.

Но тој применува и друг метод.

„Моето тесто отстојува најмалку 38 часа. Бидејќи тоа тесто, после четвртиот ден е толку сварливо за стомак и немаш проблем со дигестијата. Тука е изборот и на брашна. Нашите брашна се премногу сиромашни со протеин. Ние тука користиме капути, едно од нај квалитетните брашна на светско ниво и така да подготовката за добро тесто е полесно“, додава тој.

Тој беше дел од македонскиот тим кој во месец април годинава го освои осмото место меѓу 250 учесници, на светскиот пица шампионат во Италија.

„За мене е едно искуство плус. Запознав нови луѓе, нови начини на подготвување на тесто“.

Дејанчо сосема случајно почнал да се занимава со подготовка на пица, откако претходно дваесет години работел како професионален војник во македонската армија.

„Кога наполнив 45 години, законот условуваше крај на кариерата и потоа требаше да бираме друга професија. Се замислив што би работел. Моето познавање на италијанскиот јазик и одењето во Италија, ми помогна да запознам луѓе. На интернет пребарувајќи по тие школи и курсеви кои се одржуваа, стапив во контакт со академија Пицајоли во Италија. Тие ми рекоа дека таа школа постои и во Македонија. Бев меѓу првите студенти кои го завршија курсот“, врли Трајанов.

Но за добра пица вели најмногу од се е потребна љубов и страст при самата подготовка.

„Италијанците велат пасионе. Тоа е страста. Ако ја поседуваш ќе те биде пица мајстор за наполитанска пица, а ако не ја поседуваш тешко“, додава тој.

Неговите планови е на есен да заврши курс за мастер инструктор, со што може да обучува идни пица мајстори.

XS
SM
MD
LG