Линкови за пристапност

Абдулменаф Беџети за Глас на Америка: Не очекува најкритичната година


Не очекува најкритичната година, во последните две до три децении вели во разговор за Гласот на Америка, универзитетскиот професор Абдулменаф Беџети. Амбиентот е непредвидлив од многу аспекти, особено како ќе се одвиваат работите со војната во Украина вели тој. Високите цени на храната и енергенсите, недостатокот на репроматеријали, сериозно ќе се одразат на животот на граѓаните.

„Ланецот на набавка е сосема растурен во смисла не само на енергенси туку и во смисла на основни прехранбени производи, кои повеќе влијаат врз населението кое е најзагрозено социјално и економски“, вели тој.

Беџети додава дека во една ваква ситуација е неопходно да биде дизајниран специјален економски пакет од страна на државата и оти помошта треба да стигне до најзагрозените слоеви од општеството.

„И, ребалансот на буџетот, кој е во постапка, предвидува одредени мерки, кои максимално ги таргетираат овие слоеви. Дали тоа ќе биде доволно, сигурно не, затоа што се соочуваме со различни проблеми на теренот. Некои компании придобиваат во тој дел. Гледате што се случува со хаосот на цените“, додава Беџети.

Беџети не ја исклучува можноста за понатамошен раст на цените на храната во земјава.

„Секако растот на цените продолжува. Сето тоа пак е на основа на очекувања. Ние веќе влеговме во двоцифрена инфлација. И, ако не доаѓа до смирување во втората половина на годината, сигурно дека ќе може да импутира уште повеќе и ќе не погоди уште поинтензивно“, вели тој.

Сериозен проблем е што Северна Македонија е увозно зависна земја, како од жито и храна така и од енергенси.

Министерката за животна средина на Црна Гора, Ана Новакович Џуровиџ вели дека бројни се последиците на руската воена агресија врз Украина. Но, оти тоа треба да ги мотивира државите, да носат важни одлуки и да инвестираат што повеќе во обновливи извори на енергија.

„Да ја намалуваме нашата енергетска зависност, но истовремено да бараме и алтернативни извори за снабдување со храна. Како ќе го пребродиме периодот кој е пред нас е прашање за милион долари. За жал се уште не го знаеме епилогот од ситуацијата во Украина и во која мера ќе се одрази на снабдување со гас, на енергетскиот сектор“, вели таа.

„Од независноста ние немаме еден камен темелник ставено во енергетските капацитети. Ние пред 10-15 години, постојано зборуваме дека енергетиката треба да биде најприоритетен сектор, каде што треба да се зголемуваат капацитетите. И сега што се прават напори на краток рок, не може да даде резултати. Ако вие сега почнувате да наоѓате алтернативни решенија, тоа не ве спасува многу, бидејќи недостатокот е во квантумот на набавките“, вели Беџети.

Сепак професорот не очекува државата да влезе во рецесија.

XS
SM
MD
LG