Линкови за пристапност

Русија се повлече од Змискиот Остров


Кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски го потврди повлекувањето на руските сили од островот, и рече дека укаринските вооружени сили завршиле одлична работа
Кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски го потврди повлекувањето на руските сили од островот, и рече дека укаринските вооружени сили завршиле одлична работа

Руското министерство за одбрана денес објави дека се повлекува од украинскиот Змиски Остров.

Русија го искористи црноморскиот остров во близина на пристанишниот град Одеса како полигон, откако го зазеде во раните фази на војната што ја започна кон крајот на февруари.

Соопштението денес дојде по нападите на украинските сили врз руските позиции на островот.

Русија рече дека нејзиниот потег е „гест на добра волја“ и покажува дека не им пречи на напорите на ОН да воспостават коридор за извоз на украински житни производи.

Шефот на Кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски Андриј Јермак, го потврди повлекувањето на руските сили од островот.

„Веќе нема руски војници на Змискиот Остров. Нашите вооружени сили завршија одлична работа“, напиша Јермак на Твитер.

Дел од информациите во текстот се преземени од Асошиетед прес и Ројтерс

XS
SM
MD
LG