Линкови за пристапност

Лидерите на НАТО го дефинираа евроатлантскиот одговор врз агресијата на Русија


Лидерите на НАТО на самитот во Шпанија, на последниот ден од самитот кој вклучува одобрување на нов стратешки концепт за алијансата, во кој се именуваат „агресијата на Русија“, „системските предизвици поставени од Народна Република Кина“ и „продлабочувањето на стратешкото партнерство“ меѓу двете земји како нејзини главни приоритети.

Во овој документ, западната воена алијанса која беше формирана по Втората светска војна ја дефинираше Русија како „најзначајна и директна закана“ и за првпат се осврна на предизвиците што Кина ги поставува кон безбедноста, интересите и вредностите на НАТО.

Алијансата се согласи да ја зголеми поддршката за Украина бидејќи таа се брани од руската инвазија, која сега е петти месец. Генералниот секретар Јенс Столтенберг им изјави на новинарите претходно оваа недела дека НАТО ќе го зголеми бројот на војници во состојба на готовност за повеќе од седум пати на повеќе од 300.000 - во услови на, како што тој ја окарактеризира како „најсериозна безбедносна криза“ од Втората светска војна.

Вчера, претседателот Џо Бајден објави дека САД го зајакнуваат своето воено присуство во Европа, вклучително и распоредување на дополнителни поморски разурнувачи во Шпанија и позиционирање на повеќе војници, како одговор на „променетата безбедносна средина“ и зајакнување на „колективната безбедност“.

Бајден рече дека САД ќе формираат постојан штаб на американскиот 5-ти армиски корпус во Полска, ќе додадат ротациона бригада од 3.000 војници и 2.000 други лица со седиште во Романија, како и дека ќе испратат две дополнителни ескадрили борбени авиони Ф-35 во Британија.

„Претходно оваа година, додадовме 20.000 дополнителни американски војници во Европа за да ги зајакнеме нашите линии како одговор на агресивниот потег на Русија, со што вкупниот број на нашите сили во Европа достигна 100.000“, рече тој, додавајќи дека САД ќе продолжат да ја прилагодуваат својата одбранбена положба „врз основа на заканата во тесна консултација со нашите сојузници“.

Исто така во средата, во виртуелно обраќање до НАТО, украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека на неговата земја и треба понапредно оружје и приближно пет милијарди долари месечно за да се одбрани од руската агресија.

„Ова не е војна што Русија ја води само против Украина. Ова е војна за правото да се диктираат услови во Европа - за тоа каков ќе биде идниот светски поредок“, им рече Зеленски на лидерите на самитот.

Сојузниците на НАТО ќе продолжат со воената и другите видови помош за Украина на неодредено време, рече Чарли Салониус-Пастернак, безбедносен аналитичар во Финскиот институт за меѓународни односи.

Во стратешкиот концепт на НАТО, исто така, се вклучени климатските промени како „предизвик на нашето време“.

XS
SM
MD
LG