Властите во сојузната држава Тексас вчера најдоа 46 мртви мигранти во камион со приколка.
Шефот на противпожарната служба на Сан Антонио Чарлс Худ, изјави дека уште 16 лица се однесени во болница за лекување на повреди предизвикани од топлина, меѓу кои и четири деца. Камионот бил пронајден покрај пругата во периферија на Сан Антонио.
Високите температури во градот вчера надминаа 39 Целзиусови степени, со висока влажност во воздухот.
Полицијата на Сан Антонио соопшти дека се` уште не може да каже од каде биле луѓето во камионот.
Сојузните власти беа задолжени за истрагата.
Мексиканскиот министер за надворешни работи Марсело Ебрард твитна дека, според мексиканскиот конзул, имало двајца Гватемалци меѓу оние што биле одведени во болница.
Ебрард рече дека приколката имала американски регистарски таблички и дека инцидентот е многу веројатно работа на трговците со луѓе.
Градоначалникот на Сан Антонио Рон Ниренберг, ја нарече ситуацијата „ништо помалку од ужасна човечка трагедија“.
„Постојат, за кои знаеме, 46 лица кои повеќе не е со нас, кои имаа семејства, кои веројатно се обидуваа да најдат подобар живот“, рече тој.
Во 2017 година, 10 мигранти загинаа откако беа заробени во трактор-приколка што полицијата во Сан Антонио ја откри на паркинг кај Волмарт.
Возачот на тој камион е осуден на доживотен затвор за неговата улога во шверцерската операција.
Дел од информациите во текстот се преземени од Асошиетед прес и Ројтерс