Линкови за пристапност

48 евра за мегават час е цената по која ЕСМ ќе испорачува струја за ЕВН Хоум


48 евра за мегават час струја или 17 отсто повисока цена е понудата која што ЕСМ денеска ја достави на тендерот на ЕВН ХОУМ. Сега останува на Регулаторната комисија која што денеска имаше подготвителна седница да ги прифати или отфрли трошоците и барањата зголемување на цената кои ги доставија МЕСПО и Електродистирбуција и да ја формира цената за домаќинствата која ќе стапи на сила од 1 јули а која со сигурност ќе биде повисока досегашната како и праговите на трите тарифни болка, новина која што исто така ќе се воведе почнувајќи со јулските сметки за струја

СКОПЈЕ - 17 отсто повисока цена од сегашната е понудата на ЕСМ која денеска ја достави на тендерот на универзалниот снабдувач ЕВН ХОУМ. 48 евра за мегават час струја е цената на ЕСМ и на едниствата понуда која што денеска ја доби ЕВН а се однесува на периодот од јули до декември оваа година.

ТЕЛОП ЕВН ХОУМ

АД ЕСМ како најповолен и единствен понудувач на тендерот преку електронска аукција, му понуди на ЕВН Хоме купопродажна цена на електрична енергија од 48 евра за мегаватчас, за покривање на 100% од вкупно планираните количини. Добиената купопродажна цена 48 евра за мегаватчас за периодот Јули-Декември 2022 е за 17% повисока од претходната која беше добиена на последниот тендер на Универзалниот снабдувач Јануари-Јуни 2022 година

Цената од 48 евра за мегават час важи за струјата која универзалниот снабдувач ќе ја испорачува на домаќинствата додека за правните лицва кои од слободниот се префрлија на регулираниот пазар ќе важат други тарифи и цени.

ЕСМ дсоопшти дека е подготвена и дека може да ја испорача комплетната побарувачка на ЕВН ХОУМ во наредните шест месеци иако таа е зголемена за 27 отсто.

Ова ќе биде второ поскапување на цената на струјата која ќе се испорачува од ЕСМ кон ЕВН Хоум откако во јануари ЕСМ понуди за 13,6% повисока цена, од тогашните 36 евра за мегават и во првите шест месеци од годината ја испорачуваше по цена од 41 евро што резултираше со поскапување од 9,48% на крајните сметки за електрична енергија за домаќинствата.

Барање за поскапување на цената на струјата до Регулаторна доставија МЕПСО, кои побараа поскапување на тарифата за пренос за 68 отсто како и Електродистрибуција која побара поскаупвање од 80 отсто. Регулаторите кои денеска имаа подготвителна седница ќе треба да одлучат кои и колку од трошоиците ќе ги признаат а тоа ќе влезе во пресметката по која ќе се модулира новата цена на струјата која ќе стапи на сила од 1 јули а со сигурност ќе биде повисока од постоечката.

Се очекува претседателот на Регулаторна, Марко Бислимовски, идната недела да ја соопшти новата цена на струја за домаќинствата и да ги потврди праговите за трите тарифни блока по кои ќе се плаќаат сметките а кои во моментот изнесуваат 210, 420 одсносно 730 потрошени киловат часови струја во висока тарифа.

XS
SM
MD
LG