Линкови за пристапност

„Најки“ целосно се повлекува од Русија поради војната во Украина


Компанијата беше активна на рускиот пазар 28 години
Компанијата беше активна на рускиот пазар 28 години

Американскиот гигант за спортска облека „Најки“ соопшти дека целосно го напушта рускиот пазар, три месеци по суспендирањето на своите операции во земјата.

„Најки“ денес објави дека им се придружува на другите големи западни брендови во напуштањето на рускиот пазар поради тековната неиспровоцирана инвазија на Украина.

„Најки донесе одлука да го напушти рускиот пазар. Продавниците неодамна беа привремено затворени и нема повторно да се отворат“, соопшти компанијата, додавајќи дека нејзината руска веб-страница и апликација, исто така, ќе бидат затворени.

На почетокот на март, „Најки“ ја суспендираше онлајн продажбата во Русија и неколку дена подоцна привремено ги затвори сите свои продавници таму, вклучително и оние што работат со договори за франшиза.

„Најки“ беше активен на рускиот пазар 28 години. Десетици големи меѓународни компании ја напуштија Русија откако таа ја започна војната против Украина на 24. февруари.

Дел од информациите во текстот се преземени од Ројтерс

XS
SM
MD
LG