Мисијата на САД во Обединетите нации (ОН) вчера соопшти дека амбасадорката Линда Томас-Гринфилд е позитивна на ковид-19.
Портпаролката Мелиса Квартел во изјава рече дека Томас-Гринфилд е целосно вакцинирана со три дози, и оти „има благи симптоми.”
Квартел рече дека амбасадорката ќе работи од дома во согласност со насоки од здравствените службеници.
Во соопштението, исто така, се вели дека Томас-Гринфилд ги охрабрила сите оние кои ги исполнуваат условите да се вакцинираат против ковид-19.