Линкови за пристапност

Кандидатите на Трамп во Јужна Каролина и Невада победија на прелиминарните избори


Доналд Трамп забележа значајна победа во сојузната држава Јужна Каролина, откако кандидатот што тој го поддржуваше го победи конгресменот Том Рајс, прв републиканец што е сменет од функција откако минатата година гласаше за импичмент на поранешниот претседател, објави Асошиетед прес.

Другиот таргет на Трамп од Републиканската партија, Ненси Мејс, сепак успеа да го победи кандидатот на Трамп.

Различните одлуки на гласачите во двете трки во Јужна Каролина ја одразуваат поделбата во Републиканската партија за тоа како да се продолжи напред по ерата на Трамп.

Во меѓувреме, во сојузната држава Невада, избраникот на Трамп Адам Лаксалт, победи на своите прелиминарни избори во Сенатот на САД, победувајќи го популистичкиот кандидат кој се см,ета за поголем претставник на базата на Трамп.

Рајс и Мејс се предмет на напади од страна на Трамп уште откако неговата толпа поддржувачи упадна во американскиот Капитол за да го спречат потврдувањето на победата на претседателот Џо Бајден.

XS
SM
MD
LG