Со симболично поставување на 120 столчиња пред Собранието, Сојузот на Синдикати на Македонија (ССМ) го почна генералниот штрајк во јавниот сектор.
Се штрајкува во војската, полицијата, образованието, здравството, комуналните претрпријатија, општините, Управите, државните претпријатија и администрацијата односно секаде каде што има синдикални организации. За да може граѓаните да ги остватар своите елементарни потреби од ССМ организариаа јавниот сектор да работи со капацитет од 10 отсто.
Претседателот на ССМ Дарко Димовски, во интервју за Гласот на Америка на македонски јазик, кажа дека очекуваат од народните избраници да го прифатат поднесениот амандман во кој се содржани нивните барања – линеарно усогласување на платите за 2.806 денари и враќање на регресот за годишен одмор од наредната година.