Линкови за пристапност

Бајден го укинува федералниот данок на бензините за 18,4 центи по галон


Американскиот претседател Џо Бајден денес го повика Конгресот да го суспендира националниот федерален данок на гас за да им помогне делумно на потрошувачите да се справат со порастот на цените поврзан со руската војна во Украина.

Пред соопштението на Бајден за цените на бензинот, Белата куќа објави дека претседателот го поддржува укинувањето на данокот од 18,4 центи по галон до крајот на септември.

„Претседателот Бајден разбира дека данокот на гас сам по себе нема да ги олесни трошоците“, соопшти Белата куќа. „Но, претседателот верува дека во овој момент кога војната во Украина им наметнува трошоци на американските семејства, Конгресот треба да направи се што може на работничките семејства во САД“.

Најголем дел од парите од федералната такса за гас одат за проекти за изградба на патишта.

Прес секретарката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер, во вторникот изјави за новинарите дека ова прашање е главен приоритет за Бајден и дека „сите опции се на маса“.

„Тој ќе направи сè што може за да се увери дека ќе ја ублажи болката и одреден притисок што Американците го чувствуваат на бензиските станици“, рече Жан-Пјер.

Противниците на суспендирањето на данокот, велат дека овој потег нема да ги реши проблемите со снабдувањето на гас, но дека ќе го скрати буџетот за инфраструктурните потреби.

Некои информации за овој извештај се од Асошиетед прес и Ројтерс.

XS
SM
MD
LG