Линкови за пристапност

Ковачевски: Избори во 2024 година, прашањето е затворено


Ковачевски: Сите заеднички заклучивме дека предвремените избори нема да ги решат проблемите на граѓаните туку ќе ги продлабочат
Ковачевски: Сите заеднички заклучивме дека предвремените избори нема да ги решат проблемите на граѓаните туку ќе ги продлабочат

Коалициските партнери во Владата потишаа Декларација за обезбедување на стабилност која не предвидува предвремени парламентарни избори. Најавите на опозицијата за блокада на Собранието и институтициите оценето како деструктивно. Официјален став околу францускиот предлог премиерот не соопшти

СКОПЈЕ - Избори ќе има во 2024 година, нема да има предвремени бидејќи тоа ќе ги продлабочи проблемите на граѓаните. Ова е официјалниот став на колаициските партнери во Владата кои денеска имаа заедничка средба на која сите дваесетина политички субјекти потпишаа Декларација.

„Сите заеднички заклучивме дека предвремените избори нема да ги решат проблемите на граѓаните туку ќе ги продлабочат. Затоа, го затвораме ова прашање. Следните парламентарни избори ќе се одржат во редовниот термин во 2024 година. Во наредниот период продолжуваме со одговорот на кризата, преку испорачување нов пакет антикризни мерки, системски реформи, неселективна борба против високата корупција и усогласување на изборното законодавство со препораките на ОБСЕ и ОДИХР“, изјави премиерот Ковачевски по средбата.

Образолжувајќи ја потребата од Декларација, Ковачевски кажа дека граѓаните се под постојан притисок од неизвесноста поради растот на цените на енергенсите и на основните производи на светските пазари и најави дека очекува од партиите стабилност на политички план и јасна политичка посветеност за прилагодување на политиките на неопходноста од справување со негативните последици од најголемата криза по Втората светска војна.

Најавите на лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, за целосна блокада на Собранието и институциите ако нема договор за предвремени избори ги оцени како штетни и неодговорни. Ковачевски, децден, уцени нема да прифаќа.

„Ова е единствена неодговорна опозиција во цела Европа која наместо низ дијалог во Собранието и комисиите каде што е местото за носење и унапредување на зкаонските решение, единствено што прави е блокирање на законите кои се од интерес на граѓаните и компаниите. Ако ги прашате зошто, немаат аргументи. Сметам дека опозицијата треба да биде на ниво на задачата. Пратениците од опозицијата треба да работат во интерес на граѓаните Останувам на одоговорот дека уцени не прифаќам. Секој може да блокира меѓутоа тоа е неодговорно. Уте еднаш упатувам апел да бидат на ниво на задачата и да работат во интерес на граѓаните и законите кои се во нивен интерес непречено да се донесат“, изјави прмеиерот Ковачевски.

Околу францускиот предлог кој предвидува вментување на билатералниот спор со Бугарија во преговарачката рамка, без официјален став по денешната средба во Владата. Ќе се чека на официјално доставување на документот а во меѓувреме детално се анализира во МНР.

„Се разбира нема да коментираме и не е предмет на дискусија бидејќи сеуште не е предлог кој е усогласен од сите држави членки на Унијата. Го следиме развојот на настаните во Собранието на Бугарија. Доколку таму биде усвоен, и кога ќе биде усовен и доставен во нашата држава ќе биде предмет на детална анализа и споделен со институциите на државата“, кажа Ковачевски.

Тој повтори дека преговори за македонскито јазик нема да има односно мора да биде чист македонски јазик во преговарачката рамка.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG