Линкови за пристапност

Мицкоски најави протести и блокади на институциите ако нема договор за предвремени избори


Францускиот предлог не смее да се прифати, тоа е „бугаризација на рати“ кажа Мицкоски и порача дека нема да има промена на Уставот додека тој е на чело на најголемата опозициска партија во државата. Побара од МАНУ и интелектуалците да се вклучат во одбрана и спас на државата

СКОПЈЕ - Договор за предвремени избори или комплептна блокада на институциите со протести на улица како и подрршка да се отфрли предлогот на Франција се двете клучни пораки кои лидерот на најголемата опозициска партија ВМРО - ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ги испрати од протестот под мотото „Премногу е“ кој се одржа пред Владата.

Предлогот го нарече „данајски подарок“ каков што сме добивале и во минатото и класичен „нокаут“ за македонската дипломатија.

„ Тој е ништо друго освен капитулација без одлагање. Што би се рекло бугаризација на Македонија на рати. Или владата на Ковачевски да ја асимилира Македонија во Бугарија, или нема да станеме членки на Унијата. Го повикувам Ковачевски да не го прифаќа предлогот и ја има поддршката ВМРО-ДПМНЕ тој да биде отфрлен. Постојано нови барања и ригидни уцени. Постојано инфлација на напади кон македонскиот народ и крајно неразумни притисоци“, рече Мицкоски.

Најави дека нема да дозволи менување на Уставот, како што предвидува предлогот, но и целосно непочитување на сите точки доколку Владата се обиде да го иструка надвор од институциите и побара од официјална Софија да дојде и да се извини за извршените злодела во време на фашистичката окупација во Втората светска војна.

„ Сакам да бидам јасен: 80 пратеници, две третини менуваат Устав. Тоа зависи од ВМРО-ДПМНЕ. Додека јас сум претседател, нема да се смени Уставот за да бидат бугарските барања дел од него Што се однесува до Бугарија, сакам јасно да посочам дека ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати никаков понижувачки договор на штета на нашите национални интереси. А ако Владата реши да го носи надвор од Собранието ние таквиот договор нема да го почитуваме и нема да ми падне на памет да прифатам понижување. Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ нема намера ниту една точна од овој договор да почитува или применува “, кажа Мицкоски.

Договор и датум за предвремени е второт барање кое го испорача Мицкоски на митингот. Доколку нема напредок по ова прашање тој се закани со блокада на СОбранието, институциите и протести.

„Активната блокада во Собранието го даде посакуваниот ефект. Воедно сакам да предупредам доколку нема договор за избори ова лето потоа ќе преминеме во фаза на целосна блокада. Таа целосна блокада ќе биде во Парламентот, но и блокада на институциите, блокада на патишта, протести низ градовите. Блокада на процедурите и системот во распаѓање. На тој начин нема да легитимираме систем кој е диво месо и затруен од криминал и неспособност“, дециден беше Мицкоски.

Тој побара од интелектуалцте, МАНУ, универзитетите и интелигенцијата да се вклучат активно во обидот за спас на државата.

„Оваа нација треба да биде водена од интелигенција и мудра елита која треба да донесе прогрес. Го повикувам МАНУ, универзитетите и сите научни институции, синдикатите да се активираат во надминувањето на кризата која е наше секојдневие. Не е доволно да мудруваме туку да делуваме мудро“, кажа Мицкоски.

Од бината побара поддршка и од Албанците на кои им порача дека не смеат понатаму да дозволуваат ДУИ да биде „господар на нините животи“.

Во своето обраќање тој се осврна и на економско енергетската криза во државата и состојбата ја оцени како неподносливива а вината ја лоцираше кај СДСМ, и премиерите КОвачевски и Заев.

„Македонија во овој момент е рекордер во Европа по три работи: првата е криминалот, втората, државата е со насјлаб раст на економијата во Европа, и третата земјава има најголема стапка на инфлација. Можеби кризата е увезена, но автентична е неспособноста на кадарот на СДСМ. Најголемиот проблем е инфлацијата која го јаде сечиј домашен буџет. И секое минимално покачување на плата со кое се фали Владата, се одзема преку само едно покачување на цените на бензините, не споменувајќи ги покачувањата на сите останати производи“, рече Мицкоски.

Од владечката СДСМ веднаш се огласија со реакција на митингот на опозицијата кој го оценија како неуспешен, со слаб одзив и лоша организација. Оттаму се на ставот дека „народот испратил дека е против блокадите и антидражавното делување на Мицкоски“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG