Федералните резерви на САД вчера објавија дека ќе воведат големо зголемување на каматните стапки во обид да се борат против рекордно високата инфлација.
Одлуката на централната банка e да ја зголеми основната каматна стапка за три четвртини од процентниот поен и тоа претставува најголемо зголемување од ноември 1994-та година.
Зголемувањето на стапката доаѓа откако инфлацијата, која влијае на цените за општите добра, како што се храната и горивото, се искачи на 8,6 отсто во мај - највисока стапка во последните 40 години - поттикната од високата постпандемична побарувачка за станбен простор, автомобили, патувања и други стоки и услуги, глобални проблеми со синџирот на снабдување, карантинот во Кина и руската инвазија на Украина.
„Ќе започнам со една сеопфатна порака. Ние во Банката на федерални резерви ги разбираме тешкотиите што ги предизвикува високата инфлација. Ние сме силно посветени да ја вратиме инфлацијата на пониско ниво и забрзано се движиме кон тоа. Ги имаме и двете алатки што ни се потребни и решителноста што ќе биде потребна за да се врати стабилноста на цените во име на американските семејства и бизниси“, рече Џером Пауел - претседател на Федералните резерви на САД.
Зголемувањето на стапката од три четвртини го надминува зголемувањето на стапката за половина процентен поен што Пауел претходно предложи дека ќе биде наметнат.
Но, тој рече дека последните информации покажуваат повисока инфлација од очекуваната.