Линкови за пристапност

Според истражувачкиот центар Пју, новинарите ја сакаат својата работа и не би ја замениле за ништо друго


ЊУЈОРК (АП) - Новинарите се соочуваат со малтретирање, се борат против дезинформациите и се свесни за финансиските проблеми на индустријата и недоволна поддршка од Американците.

И покрај сето тоа, повеќето ја сакаат својата работа и не би ја замениле за нешто друго. Тоа беше меѓу наодите во истражувањето на речиси 12.000 новинари спроведено од Истражувачкиот центар Пју.

„Тие ги разбираат чувствата на јавноста кон нив. Тие се горди на својата работа“, вели Ејми Мичел, директорка за новинарско истражување во Пју

Повеќе од три четвртини од новинарите (77%) рекле дека доколку имаат шанса да ја одберат таа професија повторно, би ја продолжиле кариера во бизнисот со вести. Три четвртини од новинарите постари од 65 години велат дека работата има позитивно влијание врз нивната емоционална благосостојба, иако овие бројки стануваат се помали за оние кои се помлади.

На прашањето да ја опишат својата индустрија со еден збор, 72 отсто од анкетираните новинари избираат нешто негативно - зборови како „борење“, „хаос“, „тешко“ и „стресно“, велат од Пју.

На прашањето со еден збор да го опишат тоа што новинарите мислат дека пошироката јавност би го употребила за да ја опише индустријата за вести, само 3 отсто може да се окарактеризираат како позитивни. Најчесто се користеле зборови како „неточни“, „недоверливи“, „пристрасни“ и „партиски“.

Годините на напади од време на поранешниот претседател Доналд Трамп и неговите сојузници го направија своето.

Заедно со придружната анкета на возрасните Американци воопшто, новинарите имаат попозитивен став за работата што ја работат отколку луѓето за кои известуваат.

На пример, 67 отсто од новинарите веруваат дека многу добро или добро ги покриваат најважните стории, во споредба со 41 отсто од јавноста. Повеќето новинари (65%) велат дека новинските организации прават добра работа со прецизно известување, додека само 35 отсто од јавноста се чувствуваат така.

Пју открива дека 42 отсто од новинарите рекле дека биле малтретирани или загрозени во текот на изминатата година, главно преку Интернет. Шеснаесет проценти од жените рекле дека биле сексуално малтретирани од некој надвор од нивната организација.

Повеќе од 9 од вкупно 10 новинари велат дека сметаат дека измислените или лажните информации се значаен проблем за општеството. Третина од испитаниците рекле дека редовно наидуваат на невистини, велат од Пју.

И, покрај сета негативност, 70 отсто од новинарите се изјаснуваат дека се многу или донекаде задоволни од својата работа, според Пју.

Голем број од новинарите според Пју, користат социјални медиуми како Твитер и Фејсбук за да ја промовираат својата работа како и во пребарување на можни извори. Сепак, две третини од новинарите велат дека социјалните медиуми имаат многу или донекаде негативно влијание врз професијата.

„Луѓето генерално не им веруваат многу на социјалните медиуми“, вели Мичел, „но, огромното мнозинство ги користат“.

Наодите на Пју се засноваат на национална, онлајн анкета на 11.889 новинари спроведена помеѓу 16-ти февруари и 17-ти март, со маргина на грешка од плус или минус 1 процент.

XS
SM
MD
LG