Линкови за пристапност

Бајден до рафинериите: Повеќе бензин, помалку профит


Претседателот Џо Бајден денес ги повика американските рафинериите на нафта да произведуваат повеќе бензин и нафта, велејќи дека нивниот профит се зголемил тројно за време на војната меѓу Русија и Украина додека Американците се борат со рекордно високите цени на бензиските станици.

„Кризата со која се соочуваат семејствата заслужува итна акција“, напиша Бајден во писмото до седум рафинери за нафта. „Вашите компании треба да соработуваат со мојата администрација за да изнесат конкретни, краткорочни решенија кои ќе ја адресираат кризата“.

Цените на бензинот ширум земјата се во просек приближно по пет долари за галон, што е економски товар за многу Американци и политичка закана за колегите на претседателот, демократите кои влегуваат во преизборната трка.

Пошироката инфлација почна да расте минатата година бидејќи економијата во САД почна да закрепнува од пандемијата, но сега бележи пад во последниве месеци бидејќи цените на енергијата и храната се искачија горе откако Русија ја нападна Украина во февруари и ги наруши светските пазари на суровини.

Владата на САД објави дека потрошувачките цени скокнале за 8,6 отсто од пред една година, што е најголема инфлација во изминативе 40 години.

Во писмото се забележува дека цените на бензинот биле во просек 4,25 долари за галон кога нафтата последен пат била блиску до сегашната цена од 120 долари за барел во март. Таа разлика од 75 центи во просечните цени на бензинот за само неколку месеци го одразува и недостигот на рафинериски капацитет и профитот кој „во моментов е на највисокото ниво што некогаш било забележано“, се наведува во писмото.

Како што вели Бајден, рафинериите заработуваат од несигурноста предизвикана од „времето на војна“. Неговата порака дека корпоративната алчност придонесува за повисоки цени која е контроверзна меѓу многу економисти, но тврдењето може да има одредена резонанца кај гласачите.

Некои либерални пратеници предложија сузбивање на корпоративниот профит во услови на повисока инфлација. Берни Сандерс, независен сенатор од Вермонт, во март предложи данок од 95 отсто на добивката што ја надминува просечната вредност на компаниите пред пандемијата.

Претседателот остро го критикуваше она што го смета за профитерство во услови на глобална криза што потенцијално може да ја турне Европа и другите делови од светот во рецесија, велејќи дека Ексон Мобил „заработи повеќе пари од Бога оваа година“. Ексон Мобил одговори велејќи дека веќе ја информирала администрацијата за планираните инвестиции за зголемување на производството на нафта и капацитетот за рафинирање.

XS
SM
MD
LG