Германскиот канцелар дојде во Скопје со јасна порака, Северна Македонија заслужи старт на преговорите со ЕУ и на претстојниот самит на Унијата треба да се реализираат дадените ветувања. Една земја членка ги држи Северна Македонија и Албанија како заложници, порача премиерот Ковачевски
СКОПЈЕ - Ветувањата за членство во ЕУ дадени пред 20 години на државите од Западен Балкан сега треба да се реализираат, особено кога станува збор за Северна Македонија која донесе големи и далекусежни одлуки и јас ќе зсе заложам за страт на преговорите со Унијата. Ова е пораката која денеска ја донесе и соопшти германскиот канцелар Олаф Шолц на официјалната посета на Скопје.
„Во 2003 година на земјите од Западен Балкан им беа дадени далекусежни ветувања во однос на членството во ЕУ. Многумна сметаа дека тоа ќе биде многу побрзо од 20 година. Ние од ЕУ имаме обврска да го реализираме нашето ветување. Особено кога станува збор за Северна Македонија која донесе големи и далекусежни одлуки. Што се однесува до мене, Северна Македонија може веднаш да почне со првата меѓувладина конференција, сите услови се исполнети и ние ќе се заложиме тоа да биде можно бидејќи тоа е неопходно. Ние не сме сами во ова. Сондираме за да постигнеме поголем успех“, изјави канцеларот Шолц на официјалната прес коференција по средбата во Владата.
Премиерот Ковачвски ја истакна поддршката од Германија во изминатите дваесетина години и истакна дека тајмингот на посетата во пресрет на јунскиот самит на ЕУ, е силен знак на поддршка. Ковачевски потенцираше дека Северна Македонија заслужува старт на преговорите.
„Ние имаме направено се. 45 отсто од нашето зкаонодавство е усогласено со ЕУ. Северна Македонија во некои поглавја има поголема усогласеност од држави кои веќе 10 години водат преговори. Македонија 100 отсто заслужува меѓувладина конференција. Не може да бидеме постојано заложници на самитите дали ќе има датум или не“, рече премиерот Ковачевски.
Во своето обраќање тој го адресираше единствениот проблем.
„Исклучиво зависи дали 27 членки ќе се усогласат и ќе донесат одлука за страт на превата меѓувладина конференција. Тоа во моментов зависи, според се што гледаме, само од една земја членка која ги држи Северна Македонија и Албанија како заложници на патот за интеграција во ЕУ“, нагласи Ковачевски.
Канцеларот Шолц одговарајќи на новинарски прашање повтори дека тој и Германија ќе сторат се за да се деблокира процесот и да стартуваат преговорите.
„Германија е сериозна околу ЕУ интеграцијата на државите од регионот и ова особено важи за Северна Македонија која ги исполни сите услови за почнување на пристапните преговори. Се воодушевив на политичката сила која овозможи да дојде до договор со Грција и затоа остатокот од задачата мора да успее. Граѓаните и Владата во Северна Македонија работеа напорно на тоа и сега мора да ги вложиме сите напори тоа да се реализира. Пристапните преговори кои што беа ветени пред две години треба сега да запонат и јас ќе се заложам за тоа“, рече Шолц.
Одговарајќи на новинарски прашања, премиерот Ковачевски кажа дека одлуката за евентуален прием на Украина во ЕУ е политичка одлука а не според системот на заслуги. Околу барањата за влез во НАТО на Шведска и Финска, премиерот го повтори ставот дека Северна Македонија ја поддржува политиката на отворени врати.
Канцеларот Шолц, кој утрово допатува во Скопје, беше пречекан од премиерот Димитар Ковачевски со највисоки државни и воени почести на платото пред Владата. За значењето на посетата сведочи фактот што во делегацијата на Шолц се највисоките државни советници на надворешна и безбедносна политика, за економија и финансии, за европска политика, како и новоизбраниот специјален пратеник на Сојузната Влада на Германија за Западен Балкан, Мануел Сарацин.
Шолц дојде во Скопје по неговата официјална посета на Приштина и Белград, во рамки на дводневната турнеја во регионот.
По посетата на Скопје, германскиот канцелар Олаф Шолц замина за Софија, на средби со бугарскиот државен врв.