Линкови за пристапност

Цените растат, платата ја губи вредноста


За 50 евра е поскапа синдикалната кошничка во мај. Четиричлено семејство со две минимални плати не може да ги покрие основните месечни трошоци. Цените на некои основни продукти се зголемија за над 40 отсто а цените на горивата достигнаа рекордни цени. Струјата допрва ќе поскапи а инфлацијата достигна 12 отсто. Сеуште се чека на Владата да ги соопшти мерките кои ќе ги превземе за справување со економската криза односно ценовниот шок и инфалцијата

СКОПЈЕ - Четиричлено семејство каде родителите примаат минимална плата од 18 илјади денари не можат да ги покријат основните месечни трошоци покажуваат пресметките кои секој месец ги прави Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).

Според ССМ за плаќање на режиските трошоци се потребни близу 12 илјади денари, за превоз 3.363 денари, за одржување на хигиена 2.689 денари, за купување на облека и обувки 2.208 денари и одржување на здравјето 784 денари. Анализата на ССМ покажува дека најголемо зголемување има кај храната, транспортот, и енергенсите.

Според пресметките на ССМ синдикалната кошничка во мај тежи 38.791 денар што е за 2.800 денари повеќе од двете минимални палти односно 36 илјади денари, колку што чинеше кошничката во јануари годинава. Споредено со месец мај минатата година синдикалната кошника е поскапа за дури 4.600 денари.

Од Синдикатот повторија дека доколку не се постигне договор за линеарното зголемување на платите за 2.806 денари на 22 јуни почнува генерален штрајк во јавниот сектор.

„ Од месец во месец, драстично се зголемуваат трошоците за живот на едно четиричлено семејно домаќинство, а платите не го следат истиот раст. Затоа ССМ со право бара зголемување на платите на сите вработени, како во јавниот, така и во приватниот сектор и покрај евидентните противања на одредени субјекти кои се против зголемување на платите на работниците, велат од ССМ.

Експерите се едногласни, парите ја губат вредноста и предупредуваат дека зголемување на цените но и на инфлацијата која веќе достигна 12 отсто ќе има и во наредните два месеци а тоа пред се се должи на остуство на превентивни мерки кои Владата не ги продолжи.

Во моментов цените на горивата се на рекордно високо ниво и се оечкува повторно да се зголемат а некои основни прдукти поскапеа за 40 отсто откако нема превентивни мерки и ограничувања.

Граѓаните кои со право се загрижени за егзистенцијата со нетрпение ја очекуваат одлуката на Регулаторната комисија за новата цена на струјата која ќе биде зголемена за најмалку 10 отсто

Бизнис заедницата побара од Владата веднаш да излезе со пакет мерки и помош за стопанството за да спречи колапс, особено во претстојниот зимски период кој се проценува дека ќе биде критичен.

Од Стопанската Комора на Северна Македонија побараа државата да почне да штеди.

„Чувствуваме дека Владата е насочена кон граѓанството, не кон фирмите, мислиме дека тој пат не е добар, да не речам погрешен и треба да има корекција. Мора да се задржи економската активност затоа што без тоа со затворање на капацитетите ќе создадеме поголем гап кој во ваква неизвесност која претстои може да биде катастрофален. Државата треба да се одрекне од некои комодитети веднаш и не треба да размислува за никакви алтернативи освен за запрегнување на ракавите и за фаќање во костец со проблемот“, изјави Бранко Азески, претседател на Комората.

Од Владата најавија дека ќе донесат на сила нови мерки без да прецизираат кои и кога а во Буџетот се предвидени 73 милиони евра за поддршка на социјално загрозените граѓани и бизнисите кои се во опасност.

Според експертите каматните стапки ќе продолжат да растат бидејќи Буџетот е исцпрен и товарот сега е врз Народната банка.

А Светска банка денеска соошти дека предвидува раст на бруто домашниот производ на Македонија од 2,7 проценти за оваа година и 3,1 отсто во 2023 година. Светска банка, во јунскиот извештај за глобалните економски изгледи, ги намалува претходните економски проекции за земјава за 1 отсто за оваа година и 0,3 ото за наредната 2023 година. Економскиот раст во 2024, според проекциите на Светска банка ќе достигне 3,2 отсто.

XS
SM
MD
LG