„Бушава азбука“, култното делото по кое беше снимена истоимената телевизиска едукативна серија и со кое растеа и учеа генерации деца и млади, после 35 години доби свое прво реиздание.
Книгата, чија промоција беше вчеравечер во Скопје, и денес ги има истиот формат и содржини што драматургот Горан Стефановски и илустраторот Душан Петричиќ ги создадоа пред три и пол децении.
Домашни творци, книжевници, уметници порачуваат - потребни ни се такви книги што ќе траат и ќе помогнат за поздрав културолошки и едукативен развој.
Книгата е во издание на книгоиздателството „Чудна шума“.