Линкови за пристапност

Распит во сенатска комисија за номинацијата на Аманда Бенет на чело со американската Агенција за глобални медиуми


Amanda Bennett
Amanda Bennett

Клучната комисија на американскиот Сенат одржа распит за изборот на претседателот Џо Бајден која треба да раководи со американската Агенција за глобални медиуми.

Аманда Бенет, поранешна директорка на Гласот на Америка, се соочи со жестоки прашања во врска со предизвиците со кои се соочува американскиот меѓународен емитувач, како од променливите технологии, заканите за новинарите и сузбивањето и згаснувањето на слободата на медиумите ширум светот.

Бенет, која е поранешна директорка на Гласот на Америка, сега е номинирана од Белата куќа да раководи со шесте ентитети на американската глобална радиодифузија со годишен буџет од повеќе од 840 милиони долари.

Таа е добитничка на Пулицеровата награда, новинарка, уредничка и менаџерка со децении, покрај времето поминато во Гласот на Америка. Бенет би била втор раководител на Агенцијата за глобални медиуми на САД, доколку биде потврдена од Сенатот. Првиот беше конзервативниот режисер Мајкл Пек, кој поднесе оставка на барање на администрацијата на Бајден во 2021-та по контроверзниот мандат обележан со растечка загриженост за независноста на Агенцијата под негово водство.

Но, критичарите тврдат дека за време на мандатот на Бенет, моралот опаднал, а известувањето на Гласот на Америка за справувањето со коронавирусот во Кина било „меко“. Таа го бранеше известувањето за авторитарните режими, а Републиканците се заложија агенцијата да се бори против пропагандата ширум светот.

Се очекува номинацијата на Бенет да помине во сенатската комисија во која мнозинство имаат демократите во наредните недели, пред да оди на гласање пред полн состав во Сенатот.

XS
SM
MD
LG