Линкови за пристапност

Реакции од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ за првостепената пресуда за предметот „Талир 2“


Реакции од ВМРО - ДПМНЕ и СДСМ за пресудата за имотот на ВМРО
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:29 0:00

„Партизирано судство и обид да му се суди на ВМРО-ДПМНЕ“, оцени партискиот лидер, Христијан Мицкоски. За владејачкиот СДСМ ова е„победа на правдата“.

„Партизирано судство и обид да му се суди на ВМРО-ДПМНЕ“, така партискиот лидер, Христијан Мицкоски, ја нарече денешната првостепена пресуда за предметот „Талир 2“ со која освен затворска казна за поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, судот донесе одлука и да се конфискуваат партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ и десетина партиски канцеларии. За владејачкиот СДСМ ова е„победа на правдата во еден од најголемите корупциски случаи во историјата на државата“.

Ова партизирано октроирано судство и обвинителство решило да го суди ВМРО-ДПМНЕ, меѓутоа, тоа не го суди ВМРО-ДПМНЕ туку го суди македонскиот народ, ја суди Македонија
Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ

„Ова партизирано октроирано судство и обвинителство решило да го суди ВМРО-ДПМНЕ, меѓутоа, тоа не го суди ВМРО-ДПМНЕ туку го суди македонскиот народ, ја суди Македонија. ВМРО-ДПМНЕ поминало многу премрежја во овие 30 години, ВМРО поминало многу премрежја во овие децении, така и ова ќе го поминеме. Имотот не е ВМРО-ДПМНЕ, имотот не е ВМРО, народот е ВМРО. Ние ќе продолжиме да ја бараме правдата, ќе се бориме, нема да се повлечеме. Ако некој мисли дека ВМРО-ДПМНЕ оваа пресуда ќе го обесхрабри, се лаже. Ова само дополнително ќе не мотивира.“, изјави Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Криминалната шема за Белиот дворец е драстична, безобразна, епска. Милионски суми на пари биле злоупотребени.
Каевски, СДСМ

„Со судска пресуда е докажано Белиот дворец вреден околу 7 милиони евра е незаконски, криминално стекнат, врз грбот на граѓаните, односно со пари украдени од граѓаните. ВМРО-ДППМНЕ ги крадела граѓаните, трупала имот, луксуз и пари на незаконски, криминален начин, додека граѓаните тонеа во сиромаштија и долгови. Криминалната шема за Белиот дворец е драстична, безобразна, епска. Милионски суми на пари биле злоупотребени. Деталниот урбанистички план три пати е менуван за ВМРО-ДПМНЕ добие 12.000 квадратни метри за седиштето, а на местото на станбена зграда, да никне хотел.“, изјави Дарко Каевски, СДСМ.

XS
SM
MD
LG