Најголемиот судски случај согласно законот за национална безбедност во Хонг Конг започна утринава на кој им се суди на 47 продемократски активисти и пратеници.
Обвинетите се товарат за „заговор за субверзија“ според законот за национална безбедност на градот, кој предвидува максимална казна доживотен затвор.
По антивладините протести во 2019 година, Пекинг го наметна законот за национална безбедност на Хонг Конг за да го задуши политичкото несогласување. Законот, кој строго забранува дела кои се сметаат за отцепување, субверзија, соработка со странски служби и тероризам, беше искористен од властите за да го таргетираат јадрото на про-демократското движење во Хонг Конг.
Во февруари 2021 година, 47-те активисти им се предадоа на властите и беа обвинети според сеопфатниот безбедносен закон за организирање на неофицијални првични избори во 2020 година. Властите ги обвинија дека имале намера да ги злоупотребат своите овластувања како пратеници, доколку биле избрани и постигнале мнозинство во Законодавниот дом на Хонг Конг.
https://www.voanews.com/a/east-asia-pacific_hong-kong-pro-democracy-activists-charged/6202662.html
Меѓу обвинетите има демократски избрани пратеници, советници, академици и продемократски застапници.
Откако обвинетите беа обвинети, судските постапки беа долги. Само 13 од обвинетите добија кауција, а останатите се во истражен притвор и чекаат да дојде судската постапка.