Линкови за пристапност

Работиме на реформи во Министерството за одбрана за да не напредува корупцијата, вели Лора Купер од Пентагон


Мислиме дека е неверојатно важно да се продолжи со дипломатските разговори за да се реши ова прашање, рече за Гласот на Америка заменик-помошничката на секретарот за одбрана на САД
Мислиме дека е неверојатно важно да се продолжи со дипломатските разговори за да се реши ова прашање, рече за Гласот на Америка заменик-помошничката на секретарот за одбрана на САД

Гледаме потреба од итност за придвижување на кандидатурите на Северна Македонија и Албанија за Европската Унија, изјави за Гласот на Америка заменик-помошничката на секретарот за одбрана на САД Лора Купер.

„Мислиме дека е неверојатно важно да се продолжи со дипломатските разговори за да се реши ова прашање. Би го пофалила лидерството на Северна Македонија и начинот на кој Северна Македонија му пристапи на овој предизвик. Мислам дека она што го видовме од Северна Македонија е дипломатско лидерство. Видовме лидери во Скопје како ги контактираат лидерите во Софија, и видовме корисен дипломатски дијалог како резултат на тоа“, рече Купер.

Купер вели дека застојот во евтоинтеграциите оди во корист на Русија, која „ќе настојува да ги влоши поделбите и да го попречи пристапот, без разлика дали тоа беше пред НАТО, што знаеме дека Русија се обиде да го спречи, и сега во ЕУ“.

„Мислам дека информациската алатка е онаа што најмногу ја гледаме овие денови и тоа е напорот да се обиде да влијае врз медиумите и да се обиде да влијае како луѓето мислат за надворешната политика на Русија, како и да се обиде да ги поткопа владите и да предизвика поделба меѓу граѓаните“, рече Купер.

Таа најави дека САД работат со македонското Министетство за одбрана на агенда на институционални реформи.

„Работата што ја правиме со Северна Македонија на институционалните реформи во Министерството за одбрана и вооружените сили ја гледам како фундаментална за да се обезбеди клима во која корупцијата не може да напредува“.

Купер, заедно со министерката за одбрана Славјанка Петровска, најавија грант од 40 милиони долари за време на стратешкиот дијалог во Вашингтон, кој треба да се искористи за модернизација на Армијата и за зголемување на заштитата од хибридни закани.

Заедничкото интревју на Петровска и Купер во Пентагон подолу:

XS
SM
MD
LG