Линкови за пристапност

Одбележување на Денот Д во Нормандија


(AP) — Кога ветараните од Денот Д стапнаа на плажите на Нормандија и на други локации од Втората светска војна, тие изразија мешавина од радост и тага. Радост заради покажаната благодарност и пријателство на Французите кон оние што таму пристигнале на 6-ти јуни 1944, и тага поради загубата на соборците кои загинаа тогаш и сега во друга битка - војната во Украина.

Изминативе две години, церемониите за Денот Д беа сведени на минимум заради Ковид-19.

Оваа година, толпи француски и меѓународни посетители - вклучително и ветерани на 90-годишна возраст - се вратија во Нормандија на 78-годишнината од Денот Д за да им оддадат почит на речиси 160.000 војници од Британија, САД, Канада и од други места кои слетаа таму за да ја донесат слободата.

Неколку илјади луѓе дојдоа за денешната церемонија на Американските гробишта со поглед на плажата Омаха во францускиот град Колевил-сур-Мер.

На денот Д, сојузничките трупи пристигнаа на плажите со кодно име Омаха, Јута, Џуно, Меч и Злато, со 7.000 чамци. На тој ден животот го загубија 4.414 сојузнички војници, од кои 2.501 беа Американци. Повеќе од 5.000 биле ранети.

На германска страна, имало неколку илјади убиени или ранети.

Многу љубители на историјата, облечени во воена и цивилна облека од тој период, ги реплицираа настаните од тој ден.

Авиони на американските воздухопловни сили летаа над Американските гробишта за комеморативната церемонија, во присуство на армискиот генерал Марк Мили, командант на Здружениот генералштаб. Таму се погребани 9.386 војници кои загинаа борејќи се на Денот Д и во операциите што следеа.

XS
SM
MD
LG