Линкови за пристапност

Една од јахтите на руски олигарх се крие во водите на ОАЕ


Обединети Арапски Емирати (АП) - Eдна од најголемите јахти во светот е закотвена во пристаниште во Обединети Арапски Емирати (ОАЕ) - избегнувајќи ја судбината на другите луксузни јахти поврзани со санкционираните руски олигарси.

Приказот на раскошно богатство е запрепастувачки во еден од најсиромашните емирати во ОАЕ, на 90 минути возење од Дубаи. Но, присуството на јахтата од 118 метри во потокот Рас ал-Каима, исто така, ја покажува неутралноста на ОАЕ за време на руската војна против Украина, бидејќи заливската земја останува магнет за руските пари и нејзиниот главен град богат со нафта кој ја гледа Москва како клучен партнер на ОПЕК.

По инвазијата на Украине, седумте шеихдоми на Емиратите понудија засолниште за Русите, и оние кои очајуваат за иднината на својата земја, како и мега-богатите загрижени од западните санкции.

Додека голем дел од светот воведоа санкции за руските институции и сојузниците на претседателот Владимир Путин, Емиратите не го сторија тоа. Исто така, се избегнува отворена критика за војната, која владините институции сè уште ја нарекуваат „украинска криза“.

Јахтата му припаѓа на Андреј Мелниченко, олигарх вреден околу 23,5 милијарди долари, според Форбс. Некогаш тој раководеше со производителот на ѓубрива Еурохем и СУЕК, една од најголемите светски компании за јаглен.

Европската унија во март го вклучи Мелниченко во листата на санкции за деловни лидери и други лица опишани како блиски до Путин. Санкциите на ЕУ забележаа дека тој присуствувал на состанокот на 24-ти февруари што Путин го одржал на денот на инвазијата.

„Фактот што тој беше поканет да присуствува на овој состанок покажува дека тој е член на најтесниот круг на Владимир Путин и дека поддржува или спроведува акции или политики кои го поткопуваат или загрозуваат територијалниот интегритет, суверенитет и независност на Украина, како и како стабилност и безбедност во Украина“, соопшти тогаш ЕУ.

Мелниченко поднесе оставка од корпоративните позиции што ги имаше во двете големи фирми, според изјавите од компаниите. Сепак, тој ги критикуваше западните санкции и негираше дека е близок со Путин.

Властите во Италија веќе запленија една од неговите јахти вредна 600 милиони долари.

Но, јахтата во ОАЕ вредна 300 милиони долари досега изгледа недопрена. Во вторникот се вееше под знамето на Емиратите кога новинарите на Асошиетед прес го набљудуваа бродот.

Последната забележана позиција на бродот на 10-ти март беше на Малдивите во Индискиот Океан, нешто повеќе од 3.000 километри од Рас ал-Каима во ОАЕ. Сателитските снимки од Planet Labs PBC анализирани од АП покажуваат дека бродот во Рас ал-Каима пристигнал на 17-ти март, една недела подоцна.

Фајненшл тајмс прв објави за присуството на бродот во ОАЕ.

Властите во Рас ал-Каима не одговорија на барањето за коментар за присуството на јахтата. Министерството за надворешни работи на ОАЕ не одговори на прашањата за бродот, но во изјава за АП рекоа дека „неговата улога во заштитата на интегритетот на глобалниот финансиски систем ја сфаќаат исклучително сериозно“.

XS
SM
MD
LG