Линкови за пристапност

Над 9.000 цивилни жртви во Украина од почетокот на војната


Според ОН, над 7 милиони луѓе во Украина биле внатрешно раселени од 23. мај
Според ОН, над 7 милиони луѓе во Украина биле внатрешно раселени од 23. мај

Канцеларијата на Високиот комесаријат за човекови права на Обединетите нации (ОХЦХР)забележа 9.029 цивилни жртви во Украина од почетокот на војната до 30. мај, земјата. Од нив 4.113 се загинати и 4.916 повредени.

Повеќето од регистрираните цивилни жртви биле предизвикани со употреба на експлозивно оружје, вклучувајќи гранатирање со тешка артилерија и повеќекратни ракетни системи за лансирање, како и ракетни и воздушни напади.

ОХЦХР верува дека вистинските бројки се значително повисоки, бидејќи добивањето информации од некои локации каде што се водат интензивни борби е одложено и многу извештаи сè уште чекаат потврда.

Според Канцеларијата за координација и хуманитарни работи на Обединетите нации, над 7 милиони луѓе во Украина биле внатрешно раселени од 23. мај.

Откако воените дејствија стивнаа на северот на земјата, над 1,7 милиони луѓе се вратиле во нивните домови во северните региони.

XS
SM
MD
LG