Линкови за пристапност

Грција планира да го прошири ѕидот на границата со Турција


Грција ја обвини Турција за „инструментализација“ на миграцијата како средство за притисок врз земјите од ЕУ
Грција ја обвини Турција за „инструментализација“ на миграцијата како средство за притисок врз земјите од ЕУ

Грчките власти соопштија дека планираат големо продолжување на ѕидот долж границата со Турција и бараат финансиска поддршка од Европската Унија за дополнителната изградба, објави Асошиетед прес.

Министерот за миграција рече дека челичниот ѕид ќе биде продолжен од 40 на 120 километри. Градежните работи треба да започнат кон крајот на оваа година.

Грција ја обвини Турција за „инструментализација“ на миграцијата како средство за притисок врз земјите од ЕУ.

Анкара го отфрли ваквото тврдење, и вели дека се соочила со несразмерно тежок товар, домаќин на околу 4 милиони бегалци, од кои повеќето избегаа од граѓанската војна во соседна Сирија.

Минатата година, дванаесет земји, вклучително и Грција, побараа финансирање од ЕУ за граничните ѕидови кои моментално се финансираат од националните буџети.

Комисијата на ЕУ во моментов не плаќа за изградба на ѕидови на нејзините надворешни граници, тврдејќи дека тоа ќе ги одземе средствата од други активности поврзани со миграцијата, вклучително и финансирање на агенцијата за заштита на границите на ЕУ, Фронтекс.

XS
SM
MD
LG