Ураганот Агата на брегот во југозападно Мексико се очекува да се повлече доцна вечерва, по обилни дождови во регионот.
Гувернерот на Оахака Алехандро Мурат ги повика луѓето да останат внимателни поради постојана закана од дожд, но тој рече дека нема извештаи за смртни случаи од невремето.
Ураганот предизвика поплави, дождови и силен ветер, како и одрони на земја.
Американскиот национален центар за урагани соопшти дека бурата е оценета како втора категорија, што е најсилен ураган што во мај го зафатил брегот на Мексико во Пацификот откако се води евиденција од 1949 година.
Дел од информациите за текстот се преземени од Асошиетед прес и Ројтерс