Линкови за пристапност

Сан Франциско изгубил 6,3 проценти од жителите во 2020 година


Помеѓу јули 2020 година и јули 2021 година, Њујорк загубил повеќе од 305.000 жители, додека бројот на луѓе во Чикаго и Лос Анџелес се намалил за 45.000 и 40.000
Помеѓу јули 2020 година и јули 2021 година, Њујорк загубил повеќе од 305.000 жители, додека бројот на луѓе во Чикаго и Лос Анџелес се намалил за 45.000 и 40.000

Осум од десете најголеми градови во САД изгубија население во текот на првата година од пандемијата, најмногу во Њујорк, Лос Анџелес и Чикаго, објави Асошиетед прес.

Помеѓу јули 2020 година и јули 2021 година, Њујорк загубил повеќе од 305.000 жители, додека бројот на луѓе во Чикаго и Лос Анџелес се намалил за 45.000 и 40.000.

Иако Сан Франциско не е меѓу десте најголеми градови, речиси 55.000 жители го напуштиле овој град, или 6,3 проценти од неговото население во 2020 година, што е најголем процент од кој било град во САД.

Помеѓу десте најголеми градови во САД, само Сан Антонио и Феникс добија нови жители, но тие додадоа само околу 13.000 луѓе секој од нив, или помалку од еден процент од нивното население, според проценките на староседелската популација за 2021 година.

Причините за промените кај населението варираат од град до град, поттикнати од трошоците за домување, работните места, раѓањата и смртните случаи.

Пандемијата и карантините што следеа во пролетта 2020 година го направија животот во преполн град помалку привлечен некое време, а оние што можеа да си заминат, како работниците кои можеа да си ја вршат работата од далечина, исто така, се преселуваа.

Демографот од институцијата Брукингс Вилијам Фреј, вели дека верува оти намалувањето на населението во повеќето од најголемите градови во САД во периодот од 2020 до 2021 година е „краткотрајно и поврзано со пандемијата“.

XS
SM
MD
LG