Линкови за пристапност

Вината за убиството во Тексас е кај началникот на полицијата кој донел „погрешна одлука“


Вината за доцнењето на реакциите во основното училиште во Тексас, дури и кога родителите надвор ја молеа полицијата да побрза, додека децата во паника одвнатре повикаа 911, е ставена кај началникот на полицијата во училишната област.

Увидот на Пит Аредондо, омилен локален офицер, доаѓа откако директорот на државната полиција рече дека Арендондо, командантот на местото на настанот, донел „погрешна одлука“ да не упадне во училницата во основното училиште порано, верувајќи дека напаѓачот бил забарикадиран внатре и децата не биле загрозени.

Аредондо, кој пораснал во Увалде и таму завршил средно училиште, треба да положи заклетва во вторник на своето ново место во Градскиот совет, откако беше избран на почетокот од овој месец.

50-годишниот Аредондо поминал голем дел од речиси 30-годишната кариера во спроведување на законот во Увалде, враќајќи се во 2020-та година за да ја преземе главната полициска работа во училишната област.

XS
SM
MD
LG