Линкови за пристапност

Вашингтон слави 100-годишнина од споменикот на Линколн


Споменикот на Линколн во Вашингтон е сакан симбол на Соединетите Држави. Тој е изграден во чест на 16-тиот американски претседател, Абрахам Линколн, кој ја водеше земјата од 1861-ва до 1865-та година и често се смета за нејзин најголем претседател.

Линколн, кој се бореше да стави крај на ропството а во исто време да ја зачува нацијата, ја водеше земјата за време на бурната Граѓанска војна меѓу САД и 11 јужни држави кои се отцепија од унијата.

Споменикот беше изграден и за да ги залечи болните поделби, повеќе од 50 години подоцна, предизвикани од војната. Тие поделби го вклучуваат и расизмот, кој е присутен и денес.

Секоја година, споменикот на Линколн привлекува милиони посетители, кои се восхитуваат на неговата величественост.

Однадвор наликува на Партенон, познатиот антички грчки храм. Внатре се наоѓа мермерна статуа на Линколн, висока шест метри.

За време на маршот во Вашингтон во август 1963-та година, Мартин Лутер Кинг Џуниор го одржа својот познат говор „Јас имам сон“ кај споменикот на Линколн.

Нешто повеќе од 100 години пред тоа, на 1-ви јануари 1863-та година, Линколн ја издаде Прокламацијата за еманципација, со која ги прогласи „сите лица кои се држат како робови“ во бунтовничките држави „да ќе бидат слободни“.

XS
SM
MD
LG