Линкови за пристапност

Металопреработувачката индустрија не може да дојде до потребните репроматеријали од Украина и Русија


Војната во Украина удри врз бизнисот. Металопреработувачката индустрија не може да дојде до потребните репроматеријали од Украина и Русија.

„Цела пандемија во изминатите две години немаше толку влијание колку овие два месеци, случувањата во Украина“, вели Мевмед Џемаилоски, сопственик на фабрика за месо.

Мевмед Џемаилоски, сопственик на фабрика за месо вели дека енормното зголемување на цените на сите енергенси, како резултат на војната во Украина, им создава проблеми во секојдневното работење.

„Повеќе од 60 до 70 отсто се зголемени цените од добавувачите до нас. Ние мораме да ги качуваме цените во зависност од увoзните цени. И, преку транспортот се зголемуваат цените. Ние плаќаме превозници кои ни прават транспорт од добавувачите до нас, но и ние тука од нашата фабрика дистрибуираме до сите наши купувачи низ цела држава“, вели тој.

Тоа значи не само многу поголеми трошоци, туку и пораст на цената на крајните производи.

„Примањата наши се толку мали, што тешко можат луѓето да се одлучат да купуваат. Веќе месото станува луксуз“, додава Џемаилоски.

Со проблеми се соочуваат и производителите на производи од челик. Велат дека металната индустрија, репроматеријалите за 90 отсто од прозиводството ги набавува од Украина и Русија.

„Последиците веќе одма втората недела се почуствуваа, бидејки нашиот производ се произведува од отпадно железо. Веднаш на светските пазари, цената на железото драстично порасна. Ако во тој момент беше 14-15 денари отпадно железо, во моментот е 35 денари, а веќе и го нема, затоа што компаниите кои работат со лимови и профили неможат да набавуваат од Украина“, вели Павел Попоски, сопственик на фабрика за производство на производи од челик.

Дополнителен проблем претставува и состојбата во која се наоѓа челичарницата Азовстал во Мариопул.

„Таа е една од најголемите челичари во Европа и четврта во светот. И, нејзиното нефункционирање допрва ние како регион и Европа ќе го почувствуваме тоа, дека лимовите, металната индустрија голем удар ќе има при набавката на тој призвод“, вели тој.

Попоски се надева дека што побгу ќе почнат да функционираат другите канали за набавка на овие материјали.

„Бидејќи Кина е една од главните играчи во светот за таа работа. Кина како да го бојкотира европскиот пазар. Такво е нашето мислење, како да ги има скратено сите тие производи кои се важни за металната индустрија“, додава Попоски.

Во меѓувреме дел од компаниите затвораат, некои го намалуваат бројот на вработени или го ставаат на стенд бај целото своето работење, бидејки неможеле да ги прокријат загубите, велат нашите соговорници. Дополнително и цената на храната за животни на светските берзи е тројно зголемена.

XS
SM
MD
LG