Линкови за пристапност

САД им оддаваат почит на загинатите војници


Денес Американците го одбележуваат Денот на сеќавањата, кога неофицијално почнува и летото во САД
Денес Американците го одбележуваат Денот на сеќавањата, кога неофицијално почнува и летото во САД

Последниот понеделник во мај во САД се одбележува Денот на сеќавањата во чест на мажите и жените кои загинале додека служеле во американската Армија.

Претседателот Џо Бајден ќе присуствува на чествувањето на националните гробишта во Арлингтон, Вирџинија.

Парадата за време на Денот на сеќавањата во Вашингтон се враќа повторно на улиците на главниот град по двегодишната пауза поради пандемијата.

Многу Американци го одбележуваат денот со посета на воените споменици или со посета на гробиштата и со положување цвеќе на гробовите на војниците.

Во Вашингтон, мотоциклистите беа редовна карактеристика на одбележувањето на Денот на сеќавањата. Оваа година настанот на мотоциклистите се нарекува „Тркалачка грмотевица“ која ќе има и проширена мисија во која ќе биде вклучено и зголемувањето на свеста за самоубиствата кај ветераните.

„Тркалачката грмотевица“ на својата веб-страница објави дека нивното „демонстративно возење“ во саботата во и околу Вашингтон било организирано со цел „да се подигне свеста за критичните прашања со кои се соочуваат ветераните на САД и да побараат акција за исчезнатите 82.000 припадници на војската, како и да ја подигне свеста за 22 ветерани кои умираат од самоубиства секој ден“.

На овој ден, исто така, Амриканците ја започнуваат летната сезона во САД, кога базените, плажите и водните активности се прогласуваат за отворени.

XS
SM
MD
LG