Линкови за пристапност

ДЗС: Цените пораснаа за 21 отсто споредено со минатата година


Цените на основните прехрамбени производи, металите и горивата растат побрзо од прогнозите на експертите. До кога и колку никој повеќе не може да предвиди. Граѓаните се потешко врзуваат крај со крај во месецот


СКОПЈЕ – Раст на цените далеку поголем од прогнозите на експертите. Од месец во месец граѓаните се соочуваат со се поскапи цени на производи и продукти и се повисоки цени а најавите се дека зголемувањето ќе продолжи и во наредните месеци, покрај тие дека не очекува можеби најтешката зима поради конфликтот во Украина и последиците од пандемијата на Ковид – 19.

Според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС) на домашниот пазар минатиот месец продажните цени на производителите на индустриските производи се зголемени за 0.3 отсто на месечно ниво, а на годишно ниво зголемувањето е за дури 21.4 отсто. Во април, споредено со март месец оваа година интермедијарните производи, освен енергија се покачени за 5,8 отсто, нетрајните производи за широка потрошувачка за 1,6 отсто и трајните производи за широка потрошувачка за 0,8 отсто.

Ако се споредат цените со април месец минатата година клучен раст има на цената на струјата за 26,9 отсто, која од јули повторно ќе поскапи и тоа за најмалку 10 отсто, како и на капиталните производи од 74,6 отсто како што е белата техника и становите. Интермедијарните производи се поскапени за 29,4 отсто, трајните производи за широка потрошувачка за 6,8 отсто и нетрајните производи за широка потрошувачка за 12,6 отсто.

Граѓаните го чувствуваат покачувањето на цените и стравуваат дека нема да може да ги подмират освноите трошоци и сметки.

„Се е поскапо само платите се исти. Веќе не знам од каде да кратам. Од месец во месец можам се помалку да купувам неопходни производи бидејќи режиските трошоци ми де далеку повисоки“, вели Тони Јовановски.

Народната банка (НБРМ) ја намали проекцијата за раст на домашната економија за годинава и ја подигна за растот на инфлацијата па така централната банка предвидува дека БДП ќе биде за 1 процентен поен пониско од првичните прогнози и годинава наместо со 3,9 ќе ја завршиме со раст на БДП од 2,9 проценти. Инфлацијата ќе расте – очекувањата се дека годинава ќе достигне 8,8 отсто.

Попесимистичкото сценарио пак во случај ако кризата се продлабочи е економијата да порасне за само 1,9%, а инфлацијата да достигне 9,8%. Растот на цените се очекува да ублажи во втората половина од годинава.

Според ССМ просечната потрошувачка кошничка во месец април изнесуваше 36.768 денари што значи дека четири членоп семејство не може да го преживее месецот со две минимални плати кои сега изнесуваат по 18 илјади денари.

Цените на основните прехрамбени производи, металите и горивата растат побрзо од прогнозите на експертите. До кога и колку никој повеќе не може да предвиди. Граѓаните се потешко врзуваат крај со крај во месецот




XS
SM
MD
LG